Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави нов полициски час во главниот град.

Во изјавата за Телеграм, Кличко рече дека полицискиот час ќе започне вечерва во 20 часот по локално време и ќе трае до 7 часот во среда.

Утре нема да работат продавниците, аптеките, бензинските пумпи, институциите“, рече тој.

„Затоа, ги замолувам сите да останат дома или во засолништа — на звук на аларм. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, вели Кличко.