Author: Соња Крамарска

Американската потпретседателка Камала Харис тргна кон Полска, јави Си-Ен-Ен. Харис не им се обратила на новинарите пред да се качи во авионот. Air Force Two го напушти Вашингтон пред малку и е на пат за Варшава, каде Харис планира утре да се сретне со раководството на земјата во обид да собере меѓународна поддршка и да го увери еден од најисточните сојузници на НАТО во поддршката од САД, објави телевизиската мрежа. Но, нејзината мисија е комплицирана поради прашањето за авионите од советската ера, кои Украина ги бара за да ја одржи својата борба против Русија. Предлогот на Полска прво да се…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен пред малку твитна дека ЕУ ги проширува санкциите на уште 160 руски олигарси и членови на Советот на Руската Федерација. Во новата листа на санкции е опфатен и банкарскиот сектор на Белорусија, секторот технологија како и натамошни рестрикции до пристапот на криптовалути, објави Лајен.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека заканата за неговата земја е „на максимално ниво“, но потврди дека и одговорот на Украина е исто така највисок. Додека војната веќе трае две недели и милиони цивили ја напуштаат земјата, Зеленски рече дека украинската армија ги надополнува воените арсенали со оружје и залихи запленети од Русите во борба. „Нашата војска успеа да го надополни арсеналот на муниција со многу трофеи земени на бојното поле. Непријателските тенкови, оклопните возила и муницијата ќе работат за нашата одбрана, нашиот живот, нашата земја. Што може да биде попонижувачко за противникот? Ќе се бориме против непријател со неговото…

Read More

Владите на Европската унија подготвуваат нова рунда забрани за патување и замрзнување на имотот на околу 100 Руси поради инвазијата на Москва на Украина, а одлуката би можела да биде донесена уште попладнево. „Земјите-членки работат на пакет санкции, за околу 100 луѓе одговорни на различни нивоа на власта во Русија“, рече Борел пред Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека се надева на договор „до крајот на оваа седница денеска“, без да даде повеќе детали. (Извор: Ројтерс)

Read More

Најмалку 1,3 милиони луѓе пристигнале во Полска од Украина откако Русија ја започна воената инвазија, објави денеска полската амбасада во Европската унија на Твитер, цитирајќи податоци од Агенцијата за гранична стража на земјата. „Меѓу нив 93 отсто се Украинци, 1 отсто се Полјаци и 6 отсто се од 100 други различни земји“, се вели во објавата. Само во вторникот, според агенцијата, околу 125.800 луѓе преминале во Полска.

Read More

Ирина Верешчук, украинска министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии штотуку изјави дека Русија не се придржува кон договорот за прекин на огнот. „Нашиот хуманитарен конвој се движи кон Мариупол и ние сметаме на обврските преземени од Русија, дека тие ќе се придржуваат до прекинот на огнот. Меѓутоа, има сигнали дека Русија го гранатира правецот по кој се движи хуманитарниот конвој“. Русија во вторникот прогласи прекин на огнот во пет украински градови, вклучувајќи го и Мариупол. Верешчук рече дека конвојот — составен од осум камиони, како и повеќе од 30 автобуси — тргнал во 10 часот по локално време, упатувајќи…

Read More

Британската кралица и канадскиот премиер Џастин Трудо позираа пред букет од сини и жолти цвеќиња, во знак на поддршка на Украина чие национално знаме ги содржи овие две бои. Букетот беше дел од ентериерот во работната соба на Елизабета Втора, чиј гостин вчера беше шефот на канадската влада.

Read More

Московскиот патријарх Кирил, долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека конфликтот во Донбас е поради „фундаментално отфрлање на таканаречените вредности што денес ги нудат оние кои тврдат дека имаат светска моќ“. „Тестот“ на која страна сте, рече Кирил, е дали вашата земја е подготвена да одржува геј паради на гордоста. „За да се влезе во клубот на тие земји, неопходно е да се одржи геј парада. Не да дадете политичка изјава, „ние сме со вас“, не да се потпишуваат договори, туку да се одржи геј парада. И знаеме дека луѓето кои што се спротивставуваат на овие барања се…

Read More

Обединетото Кралство ја предупреди Полска дека испраќањето борбени авиони во Украина може да ги стави на „директната линија на оган“ од Русија. Како што јавува Си-Ен-Ен, секретарот за одбрана Бен Валас изјавил за Скај њуз дека иако Обединетото Кралство ќе го „поддржи“ полскиот избор за снабдување на Украина со борбени авиони, земјата треба да биде свесна за предупредувањето на Русија за „одмазда“. Веста доаѓа еден ден откако американската амбасадорка во НАТО, Џулијан Смит изјави за Си-Ен-Ен дека американските власти разговараат со полската влада за Полска да испрати борбени авиони Миг-29 за поддршка на Украина. Смит нагласи дека ова е „суверена…

Read More

Висок кинески дипломат посочи дека Пекинг е подготвен да „посредува“ меѓу Русија и Украина, за прв пат откако Москва започна инвазија против нејзиниот сосед, јави Си-Ен-Ен. „Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори и да работи со меѓународната заедница за спроведување на неопходното посредување, кога тоа е потребно“, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на неговата годишна прес-конференција на маргините на законодавната сесија на земјата. Ванг не понуди дополнителни детали за тоа што би можело да значи таквата улога, ниту за нивото на потенцијалното вклучување на Кина. Ванг претходно изјави дека…

Read More

Новинарот Иван Бојаџиски оствари 60 години кариера во новинарството. Работел за повеќе медиуми од земјава, бил дописник на повеќето национални медиуми и медиуми од поранешна СФРЈ, и со тоа стана препознатливо име во журналистиката не само во источниот регион, туку и во цела држава. По повод овој несекојдневен јубилеј, разговаравме со него за неговата работа и неговиот поглед кон новинарството денес. Нова ТВ: 60 години новинарска работа се подвиг со оглед на тежината на оваа професија. Како успеавте толку долго да се одржите? – Тежината на професијата ја изгуби битката пред нејзината убавина. Тоа е така барем во мојот случај. Да…

Read More

Европската комисија ја прекина соработката со руските субјекти во областа на истражувањето, науката и иновациите, по руската инвазија на Украина, се вели во соопштението на Комисијата. Исто така, ги суспендира плаќањата на руските субјекти според постоечките договори и „нема да склучува ниту нови договори“ со руски организации. „Соработката за истражување на ЕУ се заснова на почитување на слободите и правата кои се во основата на извонредноста и иновативноста. Грозоморната воена агресија на Русија против Украина е напад против истите тие вредности. Затоа е време да се стави крај на нашата истражувачка соработка со Русија“, рече Маргрете Вестагер, извршен потпретседател за…

Read More