Author: Соња Крамарска

„Судскиот совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчетноста во работата, изјави пред почетокот на денешната седница претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев. „Вчера со реакција се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите, но јавноста беше присутна преку новинарите, невладините, но заради големиот број на присуство на камери, стручните служби со тешкотии си ја вршеа својата работа. Сведоци сме дека тешко се вршеше движење при ждребување на дневниот ред“, рече Георгиев. Тој гарантира дека овој состав на Судскиот совет и тој како претседател  ќе бидат исклучително транспарентни. „Само сите заедно со исклучително транспарентна работа…

Read More

Рочиштето за завршни зборови во судскиот процес за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе, се одложи по втор пат. Поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор Артан Етеми, судијата Јордан Велковски го презакажа судењето за 29 мај во 10 часот. Претходно на 25 април завршните зборови беа одложени за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Флорим Бесими. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. И денеска повторно група граѓани се…

Read More

Природните закони велат без акција нема реакција. Но истата добива тежина кога на секоја акција се додава љубов и посветеност. Изминатите седум дена, Арена – Борис Трајковски во Скопје беше исполнета секојдневно со бројни посетители, – и тоа не само од главниот град, – туку љубители на пишаниот збор, креативната авторска мисла, читањето, новите книги, од целата држава. Без разлика на временските услови, во изминатата седмица посетителите ја докажаа љубовта кон уживање во нови книги во рацете, – и возрасните, и младите, па и најмладите посетители беа дел од 35. Јубилеен Меѓународен Саем на книга. Организаторот ги повикува сите кои…

Read More

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска ја нема добиено претставката од Антикорупциската комисија за вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој службените простории ги користеше за партиски цели. Во изјава за медиумите, Грковска денеска најави дека штом ја добијат претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, „врз основа на аргументи“. „И досега сме постапувале непристрасно, без оглед на тоа за кого станува збор“, рече Грковска. Според неа, има промена во начинот на однесување кај некои функционери и во зголемувањето на свесноста за разлика од порано и смета дека со мерките што…

Read More

Градоначалничката на Чикаго во заминување, Лори Лајтфут прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои се населиле во градот, често во тешки услови за живот, откако ја преминале јужната американска граница за да побараат азил. Наредбата ја означи досега најмрачната прогноза на администрацијата во заминување за тоа како ќе поминат најранливите новодојденци во Чикаго додека градот се подготвува за претстојниот крај на финансиската помош за нив. Тоа доаѓа девет месеци откако гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот, почна со автобуси да ги префрла новодојдените бегалци од Централна и Јужна Америка во Чикаго, тврдејќи дека либералните „градови-засолништа“ треба да бидат…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави жалба откако поротата го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета на колумнистката на магазинот Ела Е.Џин Керол во 1990-тите, поточно во соблекувалната на луксузната стоковна куќа во пролетта 1996 година. Керол тврдеше дека Трамп ја силувал во стоковната куќа Бергдорф Гудман, а потоа ја наклеветил кога го негирал нејзиното тврдење и рекол дека таа не е негов тип на жена и оти таа го измислува ова за да ја зголеми продажбата на нејзината книга. Американските медиуми забележаа дека било чудно кога рекол дека таа не е негов тип, а при идентификацијата на…

Read More

Работната група за  подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска одржа седница на која се дискутираше за Деловникот,  методологијата и начинот на работа. Средбите ќе се интензивираат во наредниот период, соопшти Министерството за правда. Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира  работната група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот  ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во…

Read More

Македонската филхармонија денес со соопштение реагираше на критиките во дел од порталите во врска со одржувањето на конвенцијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во големата сала на објектот. Од Филхармонија посочуваат дека салите во зградата редовно ги изнајмуваат и не е прв пат политичка партија или здружение да ги користат со плаќање на финансиски надомест. „Таков беше  политичкиот собир на ДУИ во 2019 година, промоцијата на публикацијата „Моето патување во Фантазија“ во 2022 година, на кој се обрати и тогашниот премиер Зоран Заев, НАТО конференцијата за комуникатори во 2022 организирана од Министерство за одбрана, настанот за одбележување на првата…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за Гласот на Америка, зборуваше на повеќе теми, меѓу кои даде оценка за реализираните средби за време на неговата работна посета на САД, како и за забелешките од Вашингтон во врска со судството, како и состојбите со корупцијата и владеењето на правото. Ковачевски во интервјуто се осврна на фактот дека „Северна Македонија постигна значаен напредок во последните 6 години во слобода на медиумите и се издигна за 19 места повисоко на скалата за слобода на говорот на светски ранг“. „Тоа е навистина едно исклучително големо достигнување, заради демократскиот капацитет кој што го има…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, синоќа се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. На средбата на која беше присутен и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Ковачевски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД. Американскиот државен секретар Блинкен потенцираше дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО. Блинкен ја пренесе…

Read More

Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно – истражувачкиот проект реализиран од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет. Истражувањето е спроведено на повеќе од 2.000 ученици и според професорката Софија Георгиевска која е дел од тимот што работеше на истражувањето, покажува дека насилството е во пораст. „Дигиталното насилство е едно од најчестите проблеми со коишто младите или децата се соочуваат. Тоа што за мене е…

Read More

Поранешниот гигант АД „Баргала“ – Штип што произведуваше чевли, отиде во стечај. Стечајниот управник на денешното судско рочиште во Основниот суд – Штип предложи на барање на доверителите стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип, бидејќи сметката е блокирана. Како побарувачи се јавуваат над 50 вработени, потоа АД „Македонија осигурување“ и Комерцијална банка, а на кои побарувањата од должникот „Баргала“ изнесуваат над 3,5 милиони евра. Судијата Емил Пилатов најави дека извештајот од денешното рочиште за три дена ќе биде доставен до странките во процесот. Стечајниот управник Пепи Панев вели дека според Законот за стечај, ќе тече рок од 45 дена за да…

Read More