Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиев: Овој состав на Судскиот совет ќе биде транспарентен

0
By Соња Крамарска on May 10, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 10, 2023 14:20

„Судскиот совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчетноста во работата, изјави пред почетокот на денешната седница претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.

„Вчера со реакција се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите, но јавноста беше присутна преку новинарите, невладините, но заради големиот број на присуство на камери, стручните служби со тешкотии си ја вршеа својата работа. Сведоци сме дека тешко се вршеше движење при ждребување на дневниот ред“, рече Георгиев.

Тој гарантира дека овој состав на Судскиот совет и тој како претседател  ќе бидат исклучително транспарентни.

„Само сите заедно со исклучително транспарентна работа заедно ќе постигнеме добри резултати. Барав да има присуство од камера од МИА и ве повикувам и во иднина да ги следите нашите седници. Уште денес ќе стапам во контакт со претставници од МИА преку Судски совет да имаме во иднина редовно снимање на седниците и да се пренесува преку МИА и кој е заинтересиран да презема од МИА“, заклучи Георгиев на почетокот на седницата.

Судскиот совет вчера одржа прва седница, откако е избран новиот претседател Сашко Георгиев, откако беше разрешена Весна Дамева.

Георгиев вчера на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е камерите да не бидат внатре, туку само новинарите.

„Ќе потенцирам во делот на јавноста, јавноста ќе биде присутна, но камерите само ќе бидат оставени уште минута до две, да го завршат својот прилог за снимање, а потоа камерите ќе мора да ја напуштат седницата. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа“, рече Георгиев на почетокот на вчерашната седница.

На ова реагираше ЗНМ, осудувајќи го, како што посочи, „непринципиелниот однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, да ги отстрани присутните сниматели, а притоа да им биде дозволено присуство на новинарите на седницата“.

Георгиев беше избран за претседател на Судскиот совет на 4 мај, откако на 26 април на јавна седница беше разрешена неговата претходничка Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“. Реакции дека разрешувањето на Дамева е нелегално имаше и од експерти и претставници на од невладиниот сектор.

Сашко Георгиев Судски совет транспарентност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.