Author: Соња Крамарска

По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе се одбележи овој значаен ден. Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето. Во 19:00 часот на „Школка“, во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок- бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“. Во Кинотеката на Северна Македонија во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Јанѕа“, во режија на Никола Калајџиски, кој е првиот долгометражен документарен…

Read More

Советот за казниви дела при Врховниот суд денеска ја продолжи седницата на која одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресудата по предметот познат во јавноста како „27 април“. Притоа, како што е соопштено, Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд и на пресудата на Апелацискиот  суд ги одби како неосновани.

Read More

На Светскиот ден на слободата на медиумите, го славиме новинарството и неговата етична улога за зачувување на слободата на изразување за промоција на отворени општества и јавна одговорност. Постоењето на слободни и плуралистични медиуми е витално за демократијата и за севкупната отпорност на сите општества, порача евроамбасадорот Дејвид Гир на крводарителската акција по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија. „Оваа година се одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човековите права што ги постави темелите за послободен поправден и…

Read More

За „најцрниот ден во Србија“ кога во престрелката што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, ученик стар 14 години пукал во учениците и обезбедувањето, убил девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранил седум лица, од кои шест деца и еден учител, сведоштвата на преживеаните се страотни, јави дописникот на МИА од Белград. „Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво го застрела наставникот по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши другарчиња, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва. Излезе од училницата, истрелите се уште…

Read More

Министерот за правда Кренар Лога изјави дека се уште не го добиле записникот од седницата на Судскиот совет, која се одржа на 26 април, на која беше разрешена претседателката Весна Дамева. „Денеска проверивме пред да дојдеме овде дека такви записници не се пуштени кај нас, немаме никаква информација освен тоа што вие го имате дадено како медиуми. Другиот дел останува нејасен, бидејќи не е објавена никаква одлука во Службен весник. Така што не би сакал да навлегувам во оваа проблематика додека немам на хартија тоа што веќе го имам побарано како министер за правда“, рече Лога на новинарско прашање по…

Read More

СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои ограничуваме каматата да не може да биде поголема од долгот, објави денес шефот на пратеничката група Јован Митрески. Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување. Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече. Во пракса тоа значи, на пример за долг од 500 денари, максималниот износ на каматата да биде 500 денари. Или за долг од 1.000 денари, максималниот…

Read More

Престрелката во училиштето во Врачар, во која, како што потврдија од МВР на Србија, загинаа осум ученици и еден чувар, додека седум лица се ранети, е тема на светските медиуми. Скај њуз објави дека девет лица загинале, осум ученици и еден чувар, откако седмоодделенец отворил оган врз своите врсници. Си-Ен-Ен се повикува и на N1 и го пренесува соопштението на МВР на Србија дека сите расположливи патроли веднаш излегле на терен и го привеле осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на…

Read More

Осум ученици и еден обезбедувач загинаа во престрелката што утринава во училиштето во Врачар, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Србија. Според соопштението на МВР, ранети се уште шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во ургентниот центар и Тиршова. Ученик од ова училиште К. К. (14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, бил пронајден и уапсен во училишниот двор, потврдија од МУП. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија, се додава во соопштението. Момчето било мирно…

Read More

Под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ утре во aрена „Борис Трајковски“ почнува 35. Меѓународен Саем на книгата. Оваа саемска манифестација е во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, што го организира Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура како покровител на Саемот на книгата. На саемот што ќе трае до 10 мај, се најавени над 50 учесници, меѓу кои и најуспешните македонски издавачки куќи, а се очекува да привлече голем број љубители на книгата. Неформално познат како „фестивал на пишаниот збор“, секоја година Саемот на книгата е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни…

Read More

Утрово околу 8:40 часот, малолетник влегол во основно училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука од пиштол, пренесуваат „Новости“. На лице место пристигнала полиција и брза помош. Неофицијално, пет деца се повредени. Полицијата не дозволува влез во улицата која води кон училиштето. Напаѓачот бил приведен. Според дел од српските медиуми во инциденот е убиен член на обезбедувањето на училиштето. Четворица ученици се пренесени во болница и се во стабилна состојба и не им се загрозени животите. На терен се голем број екипи на брзата помош и полицијата. Ученикот пукал од пиштол, за кој се верува дека…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја претставува Македонија на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6 мај. Од кабинетот на Пендаровски за Слободен печат потврдија дека добиле покана од Бакингемската палата и дека претседателот ја прифатил поканата. На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Read More

Македонски Телеком денеска објави дека во првиот квартал годинава има зголемени приходи од продажбата за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари. Од компанијата  информираа дека за разлика од 2022 година кога оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација бележеше пад, во првите три месеци од годинава таа е зголемена за 5,6 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката, соопштува Телеком, бележи пораст од дури 33,2 проценти. „Споредено со истиот период во 2022 година, Телеком го зголеми бројот на пристапи до оптика за 11 проценти и сега тој изнесува 281 000. Во…

Read More