Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музика, светлосни проекции и филм на кирилица по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

0
By Соња Крамарска on May 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 3, 2023 14:35

По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе
културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе
се одбележи овој значаен ден.
Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи
Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60
години од формирањето.
Во 19:00 часот на „Школка“, во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок-
бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно
училиште „Никола Карев“.
Во Кинотеката на Северна Македонија во 20:00 часот ќе биде прикажан
филмот „Јанѕа“, во режија на Никола Калајџиски, кој е првиот долгометражен
документарен филм посветен на животот и делото на Блаже Конески,
најголемиот чувар на традицијата, историјата и македонскиот јазик. Своја
проекција во рамките на овие настани, филмот „Јанѕа“ ќе има и следниот ден,
на 6 мај, во Центарот за култура во Битола, од 20:00 часот.
Во рамките на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, в петок
во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има
светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво.
Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик е под
слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо
во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.
Денот на македонскиот јазик е прогласен во чест на 5 мај 1945 година,
кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои македонската
азбука како официјално писмо на македонскиот јазик.

Ден на македонски јазик министерство за култура одбележување програма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.