Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драматични сведоштва за најцрниот ден во Србија со 9 убиени лица во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

0
By Соња Крамарска on May 3, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 3, 2023 13:33

За „најцрниот ден во Србија“ кога во престрелката што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, ученик стар 14 години пукал во учениците и обезбедувањето, убил девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранил седум лица, од кои шест деца и еден учител, сведоштвата на преживеаните се страотни, јави дописникот на МИА од Белград.

„Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво го застрела наставникот по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши другарчиња, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва. Излезе од училницата, истрелите се уште се слушаа. Кога станав го видов мртвиот Драганче“, раскажа за Нова ученичка сведок на настанот.

Исто така страотно е сведоштвото на друга преживеана ученичка од ОУ „Владислав Рибникар“.

„Застрела еден ученик во нога, потоа исто така и едно девојче, како и две деца кои преживеаја, беше навистина сташно. Јас бев на физичко и чув како пука, непрекинато, не еден по еден истрел, туку непрекинато, но незнаев што се случува и се добивавме преку пораки. Но некои деца не ни одговараа на пораките и ние бевме многу уплашени“, рече таа.

Еден од родителите на преживеаните деца исто така даде изјава за медиумите.

„Сите ние родители сме во шок. Но моето дете неможете да замислите што доживеа. Таа виде човек како паѓа, слушна истрел, почна да бега мислејќи дека ќе биде бркана и застрелана“, кажа еден од родителите.

Таткото на девојче кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.

„Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор“, изјави овој татко за Н1, додавајќи дека тогаш имале час по историја.

Една од ученичките која е во болницата во Тиршова е во животна опасност и се уште е на операција. Лекарите се борат за нејзиниот живот, соопшти Н1, која наведува дека директорот на Тиршова ќе им се обрати на новинарите откако ќе заврши операцијата. Според сведочењата, разулавениот ученик-убиец и пукал в глава. Таа со уште една соученичка тој ден биле дежурни во училиштето. На второто девојче му пукал во нозете.

Две момчиња кои имаат прострелни рани на долните екстремитети се на лекување во Тиршова и се надвор од животна опасност. Станува збор за ученици од седмо одделение.

Ученикот Коста кој го изврши денес масакрот бил пред два дена на роденденска прослава кај еден соученик. Меѓу мртвите ученици има и некои што биле на истата прослава.

Пукање во Белград Сведоштва училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.