Author: Соња Крамарска

Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој за нула евра со добивање кредитна линија од банка од Тирана, доби 39% сопственост врз објектот „Соравија“ во центарот на Скопје. Министерот одговори дали МВР ќе провери како внукот на Али Ахмети го купил трговскиот центар.…

Read More

Македонската репрезентација постигна голем успех на Јуниорската Балканска математичка олимпијада 2023. Освен што нашите математичари се враќаат со златен медал од 27-мата Јуниорска Балканска математичка олимпијада, што само по себе е огромен успех, тие израдуваа со уште еден детал – Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени! Дополнителна радосна вест е што и една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов. Златниот медал за Македонија го освои Дамјан Давков. Покрај златниот медал, освоени се и еден сребрен медал, од Ивано Божиновски, и еден…

Read More

„Според податоците на Светска банка, во светот речиси 2,4 милијарди жени на работоспособна возраст сè уште ги немаат истите права како мажите. Според процените, затворањето на родовиот јаз во вработеноста може да го зголеми долгорочниот БДП по глава на жител за речиси 20% во просек низ земјите во светот“, пишува вицепремиерот Фатмир Битиќи во неговата колумна за Слободен печат. Тој додава дека истражувањата проценуваат дека глобалните економски придобивки ќе бидат од 5.000 до 6.000 милијарди долари доколку жените почнат и развијат нови бизниси со иста стапка како и мажите. „Светски реномираната консултантската фирма McKinsey@Company проценува дека компаниите кои имаат родово…

Read More

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност. „Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“, рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали. Според Лукашенкo, граѓаните на Белорусија со загриженост го следele обидот за бунт во Русија. извор: МИА

Read More

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ ќе престане да произведува сиви автомобили, објави мултинационалниот автопроизводител „Стелантис“, којшто е сопственик на брендот. „Фиат“ од денес ќе престане да произведува сиви автомобили. Одлуката е донесена за да се истакне важноста на бојата во животот и има за цел дополнително да ja зајакне водечката улога на ‘Фиат’ како бренд на радост, боја и оптимизам, олицетворувајќи го италијанскиот начин на живот и истакнувајќи ја новата вредност „Сладок живот“ (Долче Вита)“, изјави извршниот директор на автомобилската компанија, Оливие Франсоа. Палетата бои за каросеријата на автомобилот е „инспирирана од италијанското море, Сонцето, земјата и небото“, се вели…

Read More

Во тек е економско закрепнување на Северна Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуни. „Јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена во Буџетот за 2023 година одобрен од Парламентот. Сепак, доцнењето во усвојувањето на реформата на даночната политика и солидарниот…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во телефонски разговор ја покани италијанската премиерка Џорџа Мелони да го посети Вашингтон во јули, соопшти Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Русија. „Претседателот Бајден ја покани премиерката Мелони да ја посети Белата куќа во јули“, се вели во соопштението, без да се прецизира дали Рим ја прифатил поканата. Американскиот претседател и се јавил на Мелони „во рамки на неговите напори за тесна координација со своите сојузници и клучните партнери по неодамнешните настани во Русија“ и двајцата „ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина“, посочуваат од Белата куќа. Мелони и…

Read More

Продажбата на бизнис центарот „Соравија“ во Скопје  на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“ се спроведува со кредитна линија во износ од шест милиони евра преку Крединс банк, а со неа идните сопственици преземаат долг од 20 милиони евра. Износот на трансакцијата ќе биде објавен во септември кога ќе завршат сите процедури, а 51 процент од уделот ќе биде на  „Пе-вла-ку ШПК, 39 проценти на „Тор индустрис“, а 10 проценти ќе останат кај се уште актуелниот сопственик Хано Соравија. Ова го соопштија на заедничка прес-конференција Дрин Ахмети, извршен директор на „Тор индустрис“ и  Владимир Пјетерѓокај, сопственик на…

Read More

Судскиот совет со соопштение до јавноста ги оцени како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Од Судскиот совет велат дека за прв пат ургенција од ДКСК до тогашниот претседател, Павлина Црвенковска е доставена на 4.06.2021 година, во која Судскиот совет бил информиран дека е оформен предмет  по нивна иницијатива  врз основа на наводи изнесени во медиумите дека струшкиот градоначалник ја злоупотребил својата службена положба при набавка на четири  автомобили за потребите на општината со вкупна вредност од 114.000 евра. Дополнуваат и…

Read More

Следниот голем напредок во лекувањето на ракот би можел да биде вакцината, објави денес Асошиетед прес. По децении ограничен успех, научниците велат дека истражувањето достигнало пресвртница, при што многумина предвидуваат дека повеќе видови вакцини ќе бидат применливи веќе за пет години. Ова не се традиционални вакцини кои ќе ја превенираат болеста, туку инјекции за намалување на туморите и спречување на враќањето на ракот. Овие експериментални третмани ќе ги таргетираат ракот на дојка и на бели дробови, а годинава одлични резултати во испитувањето на вакцината се постигнати и кај  смртоносниот рак на кожата меланом и рак на панкреасот. „Веќе имаме резултати,…

Read More

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполскиот регион, но земјоделците се незадоволни од откупната цена. Гоце Спасов потпретседател на Секторската група за жито при МЗШВ вели дека цената е берзанска и за разлика од лани е намалена за 50 отсто. „Ланската година цената на берзата се движеше околу 300 евра и овде ние излеговме со откупна цена од 300 евра. Оваа година цените се намалуваат, моментално се движат од 150 до 160 евра на берзите. Откупот во нашата држава се одвива по берзанска цена“, вели Спасов. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прашање на МИА дали…

Read More

Бизнисменот Дрин Ахмети, чија фирма е нов сопственик на деловниот центар „Соравија“, денес на прес-конференција објасни како дошол до идеја да го купи имотот во центарот на Скопје. Тој рече дека дознал за долговите што ги има деловниот центар, а не може да ги врати, по што стапил во контакт со австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија. Имало разговори и анализи и тогаш Дрин Ахмети решил со фирмите да го купи бизнис-центарот, но да ги исплати и долговите. „Ние почнавме од минатата година од април кога испративме писмо со кое побаравме пристап до сите важни финансиски податоци за сите компании…

Read More