Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ: Продолжува економското закрепнување на Македонија, да се подобри наплатата на даноците

0
By Соња Крамарска on June 27, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
фото: илустрација
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 27, 2023 10:48

Во тек е економско закрепнување на Северна Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуни.

„Јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена во Буџетот за 2023 година одобрен од Парламентот. Сепак, доцнењето во усвојувањето на реформата на даночната политика и солидарниот данок можат да ги компромитираат даночните приходи и да ги загрозат приоритетните трошоци. Во овој контекст, даночната реформа треба да се усвои без одлагање со оглед на долгиот период за јавни консултации, а истото се однесува и на солидарниот данок. Дополнително, напорите за подобрување на наплатата на даноците треба да се одржат и забрзаат“, вели шефот на мисијата на ММФ Жак Манијане.

Со оглед на тоа што растот на потрошувачките цени во последните години ја намали куповната моќ на домаќинствата, ММФ оценува дека е разбирливо што работниците во јавниот сектор бараат повисоки плати.

„Веќе има простор во буџетот на централната влада да се приспособи за зголемување на масата за плати од близу 10 проценти, слично на проектираната стапка на инфлација за 2023 година, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година. Сè што е над ова би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би ризикувало да ги истисне другите суштински трошоци. Големите зголемувања на платите, исто така, носат ризик да ја претворат привремено високата инфлација во постојано висока инфлација“, смета Манијане.

Фискалната консолидација треба да продолжи да ја поткрепува фискалната одржливост и да обезбеди адекватни фискални резрви за следната криза.

„Иако реформата на блок-тарифите за електрична енергија во 2022 година беше значаен чекор во вистинската насока, цените на електричната енергија за повеќето домаќинства остануваат силно субвенционирани и се меѓу најниските во Европа. Како резултат на тоа, јавните финансии остануваат ранливи на порастот на цената на енергијата. Иако зголемувањето на тарифите за енергија никогаш не е лесно, ќе биде важно да се продолжи со реформите на тарифите за електрична енергија кои постепено ќе ги укинуваат субвенциите и ќе ја зајакнуваат енергетската ефикасност. Сегашниот контекст на пониски меѓународни цени на енергијата дава можност за продолжување на ваквите реформи. Поддршката за сметките за електрична енергија треба да биде насочена кон посиромашните домаќинства, наместо да им користи на повеќето домаќинства на нецелен начин, како што е моментално“, оценува ММФ.

За Народната банка се вели дека ја продолжува неопходната нормализација на монетарната политика преку повисоки каматни стапки и други мерки, за да се осигура дека високата инфлација нема да се вкорени. Овие промени во политиката помогнаа да се стабилизираат инфлациските очекувања и придонесуваат за постепен пад на инфлацијата. Важно е што тие исто така обезбедуваат девизните резерви да останат на соодветно ниво, што е клучно за Северна Македонија.

„Банкарскиот систем е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран и очекуваме дека ќе може да ги апсорбира ефектите од заострените финансиски услови и другите шокови. Сепак, сегашните позитивни услови треба да се искористат за да продолжи со додавање на капиталните резерви. Конечно, го поддржуваме неодамнешното воведување на макропрудентни мерки засновани на заемопримачи. Тие се важни алатки на централната банка и ќе помогнат да се ограничат ризиците во секторот на недвижности“, велат од ММФ.

Во прелиминарните наоди се нагласува дека структурните и институционалните реформи, се клучни за изгледите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, и треба да се забрзаат за да се зајакнат изгледите за раст на земјата и приближување кон приходите на ЕУ на среден рок.

Што се однесува до проектите за патиштата од коридорите 8/10д, од ММФ посочуваат дека сè уште ги проценуваат импликациите врз јавните финансии.

Економско закрепнување Македонија ММФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.