Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет во „војна“ со антикорупционерите: Неправедно етикетирате!

0
By Соња Крамарска on June 26, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 26, 2023 16:17

Судскиот совет со соопштение до јавноста ги оцени како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Од Судскиот совет велат дека за прв пат ургенција од ДКСК до тогашниот претседател, Павлина Црвенковска е доставена на 4.06.2021 година, во која Судскиот совет бил информиран дека е оформен предмет  по нивна иницијатива  врз основа на наводи изнесени во медиумите дека струшкиот градоначалник ја злоупотребил својата службена положба при набавка на четири  автомобили за потребите на општината со вкупна вредност од 114.000 евра.

Дополнуваат и дека во ургенцијата, ДКСК се осврнува и на двете решенија, донесени од ист судија, претседателот на Основниот суд  во Струга, Ифет Бајрамовски,

„Во ургенцијата, ДКСК  се осврнува и на двете решенија од 28.11.2017 година донесени од ист судија, претседателот на основниот суд  во Струга Ифет Бајрамовски, кои како што тврдат, иако се темелат на иста фактичка состојба и исти образложени причини, различно ја решаваат правната работа. Во првиот случај, барањето на должникот –општина Струга се одбива, додека со второто решение се усвојува. Во прилог на оваа ургенција е  доставена и претставка од ДКСК  од 18.11.2019  година, која е упатена до тогашниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев“, велат од Судскиот совет.

Понатаму, додаваат и дека на 10.06.2021, или само неполна недела по добивањето на ургенцијата, како што наведуваат, Судскиот совет испратил известување до ДКСК  во кое ги информира дека во конкретниот случај е поминат подолг временски период, односно решенијата се од 2016 и 2017 година, поточно е истечен рокот од три години предвиден во член 61 од Законот за судски совет.

„Сакаме да потенцираме дека во таа прилика, Судскиот совет за прв пат ја доби на увид спомената претставка од 18.11.2019 година адресирана до тогашниот претседател Здравев. По направените проверки во архивата на Судскиот совет, заклучивме дека таква претставка не е воопшто заведена во нашиот електронски систем. Оттаму зачудува паушалното тврдење на ДКСК дека „претставката е загубена“, велат од Судскиот совет.

Од Судскиот совет ја повикуваат Државната комисија за спречување на корпцијата да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година, кога сѐ уште течеле роковите за постапување.

„Зачудува фактот што на Антикорупциската комисија и требале дури две години да  реагира со ургенција за споменатиот случај и се поставува прашањето зошто не се заинтересирале дотогаш да побараат одговор дали е постапено по истата“, наведуваат од Советот.

Отаму категорично одбиваат Советот да биде, како што велат, неправедно етикетиран и вбројуван во институции, кои наводно свесно помагале во забошотување на предмети поврзани со струшкиот градоначалник, а уште помалку дека е тоа поради политички влијанија.

„Напротив, уште истиот ден кога беше објавена веста за ставањето на Рамиз Мерко на ‘црната листа на САД’, Судскиот совет одлучи да ги провери сите наводи искажани од Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија за наводни влијанија врз струшките судии од страна на градоначалникот“, велат од Судскиот совет.

Информираат и дека во текот на утрешниот ден, тричлена комисија предводена од координаторот за струшкиот суд, Миљазим Мустафа, ќе го посети струшкиот суд и ќе разговара со судиите од овој суд за да провери дали имало притисоци, по што во најскоро време ќе биде изготвен извештај, кој ќе биде презентиран пред членовите на Судскиот совет, но и пред јавноста.

„Воедно, сакаме да потсетиме и дека одлуките и процесните дејствија на првостепените судови подлежат на контрола на повисоките второстепени судови. Од своја страна, Судскиот совет апелира и до сите надлежни институции докрај да се истражи овој случај, но бара од нив да бидат внимателни во изнесувањето на информации во јавноста, со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем“, посочуваат од Судскиот совет.

С.К.

Антикорупциска комисија Рамиз Мерко Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.