Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дрин Ахмети: „Соравија“ имаше долг што не може да го врати, ја купивме бидејќи видовме можност да ја зачуваме

0
By Соња Крамарска on June 26, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Новиот сопственик на „Соравија“ Дрин Ахмети (трет од лево), денес одржа прес-конференција по повод купувањето на деловниот центар во центарот на Скопје кое предизвика лавина од реакции
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 26, 2023 13:10

Бизнисменот Дрин Ахмети, чија фирма е нов сопственик на деловниот центар „Соравија“, денес на прес-конференција објасни како дошол до идеја да го купи имотот во центарот на Скопје. Тој рече дека дознал за долговите што ги има деловниот центар, а не може да ги врати, по што стапил во контакт со австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија. Имало разговори и анализи и тогаш Дрин Ахмети решил со фирмите да го купи бизнис-центарот, но да ги исплати и долговите.

„Ние почнавме од минатата година од април кога испративме писмо со кое побаравме пристап до сите важни финансиски податоци за сите компании што имаат удел во ‘Соравија’. Баравме информации за да ги анализираме податоците и дојдовме до сознанија дека имаат голем долг, кој не може да го вратат. Тоа го видовме ова како можност да направиме нешто. По разговорите, одлучивме да одиме на средба во Виена, кај господинот Соравија. Таму јас ја претставив мојата компанија, мојот конзорциум. Дискутиравме за можноста како да најдеме договор во врска со имотот“, изјави Ахмети.

Бизнисменот посочи дека австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија, кој остана со 10 проценти удели во бизнис-центарот, сакал партнери во бизнисот. Дрин Ахмети со фирмите нашол кредитна линија за да се платат долговите.

„Хано Соравија ги поздрави дискусиите. Гледаше дека има хемија меѓу нас и сакаше еден конкретен предлог во врска со ситуацијата. И тој сакаше да има мал удел во компанијата што досега ја имаше. Ние дискутиравме од октомври минатата година до мај оваа година кога потпишавме договор. Во договорот, кој е постигнат во врска со финансиите, од наша страна учеството беше најдено преку банка во Албанија, каде што партнерот има свој удел. Уплативме 51 процент во ‘Соравија’“, додаде Ахмети.

„Соравија инвест“ има долг кон банки со износ од 20 милиони евра. Новиот сопственик засега не го отплаќа долгот со свои средства, туку со кредит вратил мал дел од долгот. Потоа, зависно од тоа како ќе тече работата, ќе го враќа и остатокот од долгот.

„Ова е вистинската приказна за компанијата. Ние имаме повеќе од 20 милиони евра обврски. Го презедовме долгот на ‘Соравија’ како одговорност. За плаќањето на долгот на ‘Соравија’ имаме земено кредитна линија 6 милиони евра, од кои три милиони се одобрени. Ова сè е направено за иднината на ‘Соравија’“, рече Дрин Ахмети.

Дрин Ахмети е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

С.К.

„Соравија“ Дрин Ахмети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.