Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион, годинава берзанската цена за половина намалена

0
By Соња Крамарска on June 26, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 26, 2023 14:30

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполскиот регион, но земјоделците се незадоволни од откупната цена. Гоце Спасов потпретседател на Секторската група за жито при МЗШВ вели дека цената е берзанска и за разлика од лани е намалена за 50 отсто.

„Ланската година цената на берзата се движеше околу 300 евра и овде ние излеговме со откупна цена од 300 евра. Оваа година цените се намалуваат, моментално се движат од 150 до 160 евра на берзите. Откупот во нашата држава се одвива по берзанска цена“, вели Спасов.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прашање на МИА дали годинава ќе имаме доволно жито и на колкави површини се посеани, одговори дека сите мерки се насочени токму кон поддршката на домашното производство и како земја да не сме во голема мера увозно зависни.

„Токму затоа активно го следиме еве во време жетвата на сите овие состојби на терен и затоа ја промовираме денес токму мерката, која што самите земјоделци, ја предложија на потсекторската група за жито која што неколкупати заседаваше овие денови, и беше веднаш прифатена од моја страна.  Верувам дека Владата ќе ја усвои, со што со оваа мерка 12.000 денари по хектар ќе бидат насочени за сите оние коишто ќе остварат принос“, рече Николовски.

Тој истакна дека  информациите од теренот говорат дека на над 30.000 хектари кај јачменот се очекуваат приноси од три или повеќе тони по хектар.

„Јас очекувам околу 45.000 хектари под јачмен.  Приносот секако дека ќе биде над три тона. Тоа значи дека оваа мотивирачка мерка ќе ја искористат најголем дел односно над 90 проценти од самите земјоделци. Потсекторската група, овие денови продолжува со работа, да ја следи состојбата, и да предложат мерки коишто се однесуваат на пченицата“, вели Николовски.

Посочи дека  Владата го донесе Интервентниот фонд оваа година за поддршка на земјоделството и потенцираше дека  сме единствена земја која што имаме интервентен фонд, којшто може да се користи во било кој еден момент кога има потреба.

извор: МИА

жетва на јачмен Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.