Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Уставните измени се нешто што е обврска на нашата држава во делот на пристапување во Европската Унија и за мене беше очекувано кои партии ќе учествуваат, а кои нема да учествуваат во работната група формирана во Министерството за правда, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како ќе функционираат работните групи во Минисерството за правда, каде што опозициските партии одбија учество. „Во државата имаме два концепти – едниот концепт се политички партии кои ја поддржуваат Северна Македонија членка на НАТО и на ЕУ и имаме втора група на политички партии предводени од Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, јас…
Потпретседателот на Врховниот суд на Грција и претседател на граѓанскиот сектор во судот Христос Ѕанерикос денеска си поднесе оставка, по реакциите во земјата откако јавно излезе со став за новиот амандман на Владата поврзан со учеството на изборите на партијата на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина. Амандманот на Владата веќе е во Парламентот, а како што претходно објави МИА, потпретседателот на Врховниот Суд Христос Ѕанерикос коментираше дека конкретниот амандман е директна интервенција во работата на судот, нешто што предизвика реакции од професори по уставно право, како и од партиите. Ѕанерикос, освен потпретседател на…
Предлагачите на измените на Законот за културно наследство го повлекоа предлогот за кој денес требаше да се гласа во Собранието заради изградбата на коридорите 8 и 10 д. Археолозите непосредно пред почетокот на седницата преку протест предупредија дека пратениците ќе направат кривично дело доколку гласаат за измените оти со нив се озаконува уништување на културното наследство и се кршат низа домашни закони, меѓународни договори и ратификации. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ најави дека тие нема да гласаат за дневниот ред, и се заканија со напуштање на седницата велејќи дека предложените измени ги добиле во петокот и имале кус рок…
Техничката подготовка за активирање на мерката преку системите за е-услуги на трите држави е со највисок интензитет и е во финална фаза, вели националниот координатор Марјан Забрчанец во однос на најавата за отстранување на работните дозволи меѓу Македонија, Србија и Албанија преку иницијативата Отворен Балкан. „Работните групи составени од релевантните институции изминатата недела имаа работен состанок на оперативно ниво во Белград и ги направија првите софтверски тестирања кои поминаа успешно. Проектот е комплексен бидејќи станува збор за отворање и вмрежување на трите пазари на труд од земјите од Отворен Балкан, што подразбира повеќеслојни процедури за издавање идентификациски број по електронски…
Министерството за надворешни работи пред малку потврди дека во сообраќајната несреќа во Италија загинале З.С. (33 години) од Македонска Каменица, А.К. (31 година) од селото Саса, како и В.И. (30 години) од село Пекљани, Виничко. Сообраќајката се случила во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, при што загинал и италијанскиот државјанин кој управувал со возилото со кое се судриле несреќните луѓе. „Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се…
Четири лица загинаа, од кои тројца се од Македонија, во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во провинцијата Асти во Италија, јавуваат тамошните медиуми. Сообраќајната несреќа се случила на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде и во неа учествувале два автомобили. Во едниот бил една од жртвите 23-годишен Италијанец, додека во другиот се наоѓале останатите тројца загинати за кои италијанските медиуми јавуваат дека се 30-годишници кои се македонски државјани. Според дел од медиумите, тоа се македонски државјани кои живееле во Италија односно се дел од „големата источноевропска заедница која со…
Долгогодишниот гитарист на шведската поп група АББА, Ласе Веландер, почина по кратка битка со тешката болест. „Беше фантастичен музичар и скромен како ретко кој друг, но пред се прекрасен сопруг, брат, татко и дедо“, се вели во објавата на неговото семејство на социјалните мрежи, пренесува британски Мирор. Веландер одигра голема улога во повеќето студиски снимки и турнеи на шведскиот бенд во текот на 70-тите и 80-тите години, а беше вклучен и во создавањето на последниот албум на групата, Voyage, кој беше објавен во 2021 година. Тој свиреше на вкупно 24 студиски снимки на бендот, вклучувајќи ги и сите осум нивни…
„По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди, постигната е целта што ја постави Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш да ги елиминира сите листи на чекање за кардиоваскуларни операции! Од денеска листите на чекање не постојат на нашата клиника“, објави на Фејсбук Драган Милиќ, директор на Клиниката за кардиохирургија на Клиничкиот центар Ниш, пренесе Н1. Милиќ напиша дека од денеска клиниката ќе се врати во редовна работа, а ниту еден пациент кој ќе помине на клиниката за анестезиологија нема да чека на операција повеќе од 5-15 дена. Според него, на почетокот на годината имало…
Измените на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство. На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење… Како последна точка на дневниот ред се измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани…
Главниот комитет на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора на денешниот состанок ја прифати оставката на досегашниот лидер на партијата Мило Ѓукановиќ и едногласно го поддржа неговиот наследник Данијел Живковиќ, кој функцијата ќе ја врши со в.д. статус. Живковиќ е шеф на пратеничкиот клуб на ДПС. Главниот одбор на ДПС денеска расправаше за организацијата на партискиот конгрес на кој ќе се избираат новиот претседател и раководството, како и за подготовката за претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 11 јуни. Одлуката за повлекување и од партиското кормило по поразот во вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора…
„Васко Ковачевски ме информираше дека заради лични причини поднесува оставка од генерален директор во АД ЕСМ. Разговаравме уште минатата година дека заради големите работни обврски тој сака да се посвети на семејството. Утрово усмено до мене достави оставка, ќе биде усвоена на следна седница на Влада“, рече денес премиерот Димитар Ковачевски, по ненадејното повлекување на директорот на најмоќната државна компанија и партиски првенец од Битола. Иако реториката на премиерот укажува на долго подготвуван и најавен чин, сепак оставката на Васко Ковачевски останува во зоната на шпекулациите. Шефот на Владата на денешната прес-конференција свикана откако Васко Ковачевски јавно ја обелодени својата…
Останувам скандализиран од фактот што Романија сè уште не влезе во Шенген. Ова го изјави во Букурешт поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој е во посета на Романија. Тој коментира дека има очекувања кои не се исполнети од оние што ја предводат Европската унија и го критикуваше фактот дека Романија се уште не е дел од зоната без граници. Јункер потсети дека се залагал за пристапување на Романија во Шенген уште во 2014 година, кога стана претседател на Комисијата, и додаде дека оттогаш не престанал да ја брани нејзината кауза. „Вашиот сосед, Украина, беше нападнат против сите правила…