Author: Соња Крамарска

Извештајот објавен во пресрет на првата голема конференција на Обединетите нации за вода, по повеќе од 45 години, вели дека 26 отсто од светското население немаат пристап до безбедна вода за пиење, а 46 отсто немаат пристап до основни санитарни услови. Извештајот на ОН за Светскиот развој на водата за 2023 година, објавен вчера даде остра слика за огромната празнина што треба да се пополни за да се исполнат целите на ОН за да се обезбеди сите луѓе да имаат пристап до чиста вода и канализација до 2030 година. Ричард Конор, главен уредник на извештајот, на прес-конференција рече дека проценетите…

Read More

Пречистителната станица во Скопје што ќе се гради со грант од ЕУ вреден 70 милиони евра ќе овозможи вода со врвен квалитет и заштеда од протекување до 70 отсто, беше речено на денешното потпишување на договорот. Договорот за грантот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што беше речено, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот…

Read More

Најголемиот шведски пензиски фонд „Алекта“ загуби две милијарди долари поради неуспехот на американските банки. Главниот извршен директор на фондот, Магнус Билинг, рече дека обемот на загубите станал поочигледен откако приватната пензиска групација го продаде целиот свој удел во First Republic Bank, со загуба од 7,5 милијарди круни (728 милиони долари). Тој рече дека инвестициите во американските банки се „голем неуспех“, објави Блумберг. Како што е наведено, „Алекта“ се соочува со загуби од речиси 2 милијарди долари поради неуспешната инвестициска стратегија што ја направи еден од најголемите акционери во две пропаднати американски банки и уште една вовлечена во тековната банкарска криза.…

Read More

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека постигнал договор со Украина за финансирање во вредност од 15,6 милијарди долари. Првиот заем се очекува да биде одобрен во наредните недели. Тоа би бил и еден од најголемите финансиски пакети што Украина ги добила од почетокот на руската инвазија. ММФ неодамна го промени правилото за да дозволи заеми на земјите кои се соочуваат со „исклучително висока неизвесност“. „Руската инвазија на Украина продолжува да има разурнувачки ефект врз економијата: активноста е намалена за 30 отсто во 2022 година, голем дел од капиталот е уништен, а нивоата на сиромаштија се зголемуваат“, рече претставникот на ММФ,…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите советници се подготвуваат за неколку различни потенцијални сценарија во врска со можното обвинение од страна на големата порота на Менхетен која ја испитува шемата за замолчување на пари, пишува Си-Ен-Ен. Откако во ноември минатата година веќе ја објави својата кандидатура за претседател во 2024 година, Трамп пркосно рече дека обвинението ќе му помогне политички, жалејќи се од друга страна дека тоа би било „неправедно“. Тој се обиде да создаде медиумски спектакл околу него и, на моменти, целосно ја игнорираше можноста за обвинение, велат извори на Си-Ен-Ен. Според двајца советници, поранешниот претседател се помирил…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан. При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден рече: -„Брус, некои луѓе се просто родени да трчаат, човеку!“ Мноштвото уметници и општественици му се придружија на Бајден во „Источната соба“ на Белата куќа за да ги добијат националните медали. Комичарката Џулија Луис-Драјфус, чија ТВ-серија „Потпретседателот“ фрли нови погледи на потпретседателството – функција што…

Read More

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека земјата ќе одржи парламентарни избори во мај, откако неговата влада се соочи со широк гнев поради железничката несреќа во февруари, во која загинаа 57 лица. „Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај“, рече тој во интервју за ТВ Алфа. Железничката катастрофа предизвика неколку недели гневни, а понекогаш и насилни протести и изврши голем притисок врз конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис пред изборите. По несреќата, грчкиот министер за транспорт поднесе оставка, а дежурниот во моментот на несреќата и уште тројца вработени во железницата беа обвинети и може да…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија никогаш не користела никакви трикови и дека ќе го спроведе она што го кажала дека ќе го направи. „Тоа е мојата порака до оние кои зборуваа за тоа. За разлика од сите нив, ние никогаш не користиме трикови, ќе го имплементираме тоа што го кажавме. Она што го кажав во Народното собрание на Република Србија, тоа што го кажав во Охрид, во Брисел и на петорката во Белград, го повторувам секој ден, а мојот став не се смени ни за педа пред никого“, рече Вучиќ на прес-конференцијата со италијанскиот министер за надворешни…

Read More

„Димитар Талев е една од најобединувачките фигури меѓу Бугарија и РСМ. Мора да градиме мостови меѓу двата народа, а Талев е пример – ја сака Македонија. Сакаме државата да влезе во директни преговори со сопствениците на куќата на Талев, да ја откупи и зачува“. Ова го изјавил Димитар Панчев, наследник на великанот на Бугарија Димитар Талев, пишува БГНЕС. Панчев нагласи дека заплетот на романот на Талев „Железниот светилник“ се врти околу познатата куќа и таа треба да се зачува. Студентскиот клуб „Кан Кубер“, наследниците на Димитар Талев и претставници на клубот „Патриотизам и родољубие“ организираа прес-конференција на тема „Куќата на…

Read More

Од „Драмски театар“ – Скопје информираа дека на 78 години почина македонскиот театарски, филмски, телевизиски актер и хуморист, Димче Мешковски. Актерот починал во Флорида каде живеел во последните години, заедно со сопругата. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Целиот актерски век го помина  во Драмски театар – Скопје, а остана препознатлив по неговите улоги во претставите „Диво месо“, „Солунски патрдии“ и „Хамлет од Долно Гаштани“. Неговиот лик беше препознатлив и по улогите на телевизиските продукции, како серијалите „Македонски народни приказни“, Солунски патрдии“, „Чук-чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Трст виа Скопје“, „Големи и мали“, „Во светот…

Read More

„Црна Гора е на прагот на историска пресвртница, а Ѓукановиќ го чекаат тешки времиња: ако деловниот цар го загуби имунитетот, веројатно ќе се најде под нови истраги за злоупотреба на власта и корупција“, пишува берлинскиот печат, пренесува Дојче Веле. „Опуштените победници изгледаат поинаку“, го опишува берлинскиот Тагешпигел обраќањето на црногорскиот претседател по првиот круг од изборите во неделата (19 март). Се известува дека „вечниот регент“ Мило Ѓукановиќ со „слатко-кисела насмевка“ објаснил дека сепак е можна победа, пренесува ДВ. Сепак, весникот оценува дека во второто коло фаворит ќе биде конкурентот Јаков Милатовиќ (37). „Поранешниот министер за економија и кандидат на движењето…

Read More

Извештајот на Стејт департментот за човековите права го потврди она што како порака стигнува изминатите денови од Европската унија на редовна основа – дека Македонија има многу подобар однос кон етничките малцинства отколку Бугарија и што е поважно, дека никој не гледа системска дискриминација во однос на Бугарите во нашата држава, нешто на што Софија го темели својот негативен наратив во Брисел кон нашата земја. На оваа тема во извештајот на Стејт департментот нема речиси ништо за Македонија освен констатацијата дека „Уставот и законот ги обезбедуваат слободите на мирно собирање и здружување, а владата генерално ги почитува овие права“. Затоа…

Read More