Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џо Бајден го одликуваше Брус Спрингстин и десетици други познати Американци

0
By Соња Крамарска on March 22, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2023 09:53

Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан.

При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден рече: -„Брус, некои луѓе се просто родени да трчаат, човеку!“

Мноштвото уметници и општественици му се придружија на Бајден во „Источната соба“ на Белата куќа за да ги добијат националните медали. Комичарката Џулија Луис-Драјфус, чија ТВ-серија „Потпретседателот“ фрли нови погледи на потпретседателството – функција што некогаш ја имаше и Бајден, исто така беше почестена.

„Таа го прифаќа животниот апсурд со апсолутна духовитост и се справува со вистинските пресврти во животот со апсолутна благодат. Таа е мајка, таа е преживеана од рак, таа е пионер во комедијата, таа е американски оригинал“, изјави Бајден за Луис-Драјфус, која многумина ја знаат и по улогата во серијата „Сајнфелд“.

Одличје доби и глумицата Минди Калинг, една од главните ликови на долгогодишната ТВ-серија „Канцеларија“ (The Office), чијашто приказна беше сместена во родниот град на Бајден – Скрентон, Пенсилванија, САД.

Кога Бајден го претстави писателот Колсон Вајтхед пред присутните, тој нагласи дека ја добил Пулицеровата награда за неговите книги две години по ред.

„И јас ќе пробам двапати по ред!“, се пошегува Бајден, кој претходно навести дека има намера повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Почестени беа и пејачката Гледис Најт, модната дизајнерка Вера Ванг, писателите Ен Пачет и Тара Вестовер, меѓу другите.

 

Брус Спрингстин одликувана Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

ВЕСТИ June 11, 2026

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува…

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.