Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Една четвртина од светската популација нема безбедна вода за пиење

0
By Соња Крамарска on March 22, 2023 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2023 14:34

Извештајот објавен во пресрет на првата голема конференција на Обединетите нации за вода, по повеќе од 45 години, вели дека 26 отсто од светското население немаат пристап до безбедна вода за пиење, а 46 отсто немаат пристап до основни санитарни услови.

Извештајот на ОН за Светскиот развој на водата за 2023 година, објавен вчера даде остра слика за огромната празнина што треба да се пополни за да се исполнат целите на ОН за да се обезбеди сите луѓе да имаат пристап до чиста вода и канализација до 2030 година.

Ричард Конор, главен уредник на извештајот, на прес-конференција рече дека проценетите трошоци за исполнување на целите се меѓу 600 милијарди долари и 1 трилион долари годишно.

Според извештајот, употребата на вода се зголемува на глобално ниво за приближно 1 процент годишно во последните 40 години „и се очекува да расте со слична стапка до 2050 година, поттикната од комбинацијата на растот на населението, социо-економскиот развој и промените на моделите на потрошувачка“.

Најголемо зголемување на побарувачката се случува во земјите во развој и економиите во развој, каде што тоа е поттикнато од индустрискиот раст и особено од брзиот пораст на населението во градовите. Токму во овие урбани области „имате вистинско големо зголемување на побарувачката“, рече тој.

Со оглед на тоа што земјоделството користи 70 отсто од целата вода на глобално ниво, рече Конор, наводнувањето на земјоделските култури мора да биде поефикасно – како што е во некои земји кои сега користат наводнување капка по капка, што заштедува вода. „Тоа овозможува водата да биде достапна за градовите“, рече тој.

Во просек, „10 отсто од глобалното население живее во земји со висок или критичен стрес од недостиг на вода“, а до 3,5 милијарди луѓе живеат во услови на таков стрес најмалку еден месец годишно, се вели во извештајот издаден од УНЕСКО.

Од 2000 година, поплавите во тропските предели се зголемија за четири пати, додека поплавите во северните средни географски широчини се зголемија за 2,5 пати, се вели во извештајот. Тешко е да се утврдат трендовите на сушите, се вели, „иако во повеќето региони може да се очекува зголемување на интензитетот или зачестеноста на суши и ‘жештини екстреми’ како директен резултат на климатските промени“.

безбедна вода Извештај Обединети нации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.