Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Средношколец избодела до смрт професорка по шпански јазик во југозападниот француски град Сен-Жан-де-Луз. Џером Буриер, локалниот обвинител, потврди за новинската агенција АФП дека инцидентот се случил за време на часовите. Локалната полиција и обвинителот веднаш излегле на местото на злосторството, а ученикот бил уапсен. Убиената учителка имала педесеттина години, а по пристигнувањето во училиштето, Брзата помош констатирала смрт како последица од здобиените рани. „Моите мисли се со семејството, нејзините колеги наставници и ученици. Веднаш одам на местото на злосторството“, изјави Папе Ендаи, министер за образование на Франција. Францускиот весник Sud Oest пишува дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по…
Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев ги отфрли повиците на американскиот претседател Џо Бајден за повлекување на руските трупи од Украина. „Доколку САД престанат да го снабдуваат со оружје режимот во Киев, војната ќе престане“, напиша Медведев, актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за национална безбедност на својот Телеграм канал. „Доколку Русија ја прекине специјалната воена операција без победа, тогаш Русија ќе престане да постои, и ќе биде распарчена“, напиша Медведев. Русија започна агресија врз Украина пред една година, на 24 февруари. Во својот карактеристичен агресивен манир, Медведев го критикуваше Бајден што му се обратил на рускиот народ од Варшава во вторникот,…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет. Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија – Северна Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат. Министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае…
„Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата е секогаш поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но како и сите други и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа“, изјави Џафери по средбата со новинарите. Тој се осврна и на предметот кој го отвори Антикорупциската комисија и кажа дека тоа е завршена работа затоа што комисијата го затворила предметот со констатација дека нема докази дека неговиот син Блеарт Џафери направил било каква злоупотреба. Синот на Џафери беше на…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците производители на градинарски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР изврши исплата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници. Исплатена е вкупна сума од 214,7 милиони денари до сметките на 10.987 корисници. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои пријавиле обработени површини со домати, пиперка, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус,…
Деловната зграда на Еуростандард банка, со површина од околу 4.000 квадратни метри е понудени на аукција, а нејзината проценета вредност е околу 8,4 милиони евра. Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка реагира дека обвинителството молчи, а имотот се продава. „И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека…
Тлото во Турција се уште не мирува. Од утрово се тресело повеќе од 50 пати. Двата најсилни земјотреси се забележани во 10 часот по наше време, земјотрес со јачина од 4 степени и земјотрес со јачина од 4,4 степени утрово. Пред зори беше регистрирана серија земјотреси со јачина од 3,4 до 4,1 степени според Рихтеровата скала. Бројот на жртвите од разорните земјотреси во Турција и соседна Сирија надмина 47.000, а сеизмолозите континуирано бележат тресење на тлото. Да потсетиме, по земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Турција пред 16 дена, беа забележани повеќе…
Владата на денешната седница усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор.Овие мерки, како што информираат од владината прес-служба, следуваат по серијата активности за градење отпорност кај јавните институции кои сè почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот. Владата ги задолжи органите на државната управа, и побара институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност…
Рускиот претседател Владимир Путин во неговото одложено годишно обраќање пред Националното собрание на Русија, обвинувајќи го Западот за сопствената неиспровоцирана целосна агресија врз Украина, и во обид да ги заобиколи константните неуспеси на бојното поле, изјави дека донел одлука да го суспендира учеството на неговата земја во Договорот за намалување на нуклеарното вооружување со САД – „Новиот СТАРТ“, загрозувајќи го последниот преостанат пакт со кој се регулираат двата најголеми нуклеарни арсенали во светот. Како што пренесува Си – Ен – Ен, договорот кој поставува ограничувања на бројот на распоредени нуклеарни оружја со интерконтинентален дострел што може да ги имаат и САД…
Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе…
Просечната старост на пекарите и бурекчиите 57 години, кога ќе одат во пензија нема кој да ги замени
Просечната старост на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Кога ќе одат во пензија, не ќе има кој да ги замени. Компаниите од оваа област и сега се соочуваат со проблеми поради недостиг на квалификуван кадар. Младите воопшто немаат интерес за пекарската струка, ниту се заинтересирани да бидат сопственици на пекарници, покажува најновата анализа на Стопанската комора. Како што беше речено денеска на прес-конференција, ситуацијата е алармантна, а дополнително ја комплицира тоа што дел од процесите во пекарската индустрија не може да се автоматизираат за да се компензира кадарот. „Во големата пекарска индустрија најмногу недостигаат месачи, обликувачи на тесто…
СОЊА КРАМАРСКА Ти си лажго, ти си криминалец, ти ја опљачка државата, а ти си заштитник на криминалот, вие сте мафија на власт, вршите политичка проституција. Не, ова не се реплики од филмовите Кум1 и Кум2, туку се пораки што јавно и катадневно си ги разменуваат двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во просек таквата реторика се повторува по дваесетина пати на ден, а доколку како деновиве има и расправа во парламентот, па уште и за реконструкција на Владата, бројката се зголемува со геометриска прогресија. Ваквата ситуација наречена „ако не го навредиш политичкиот ривал не се ни јавувај…