Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криминалец, лажго, мафијаш- ескалира реториката меѓу власта и опозицијата

0
By Соња Крамарска on February 21, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 21, 2023 15:03

СОЊА КРАМАРСКА

 

Ти си лажго, ти си криминалец, ти ја опљачка државата, а ти си заштитник на криминалот, вие сте мафија на власт, вршите политичка проституција. Не, ова не се реплики од филмовите Кум1 и Кум2, туку се пораки што јавно и катадневно си ги разменуваат двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во просек таквата реторика се повторува по дваесетина пати на ден, а доколку како деновиве има и расправа во парламентот, па уште и за реконструкција на Владата, бројката се зголемува со геометриска прогресија.

Ваквата ситуација наречена „ако не го навредиш политичкиот ривал не се ни јавувај за збор“, долго време постоеше во парламентот, пред да се излее надвор, во секојдневната јавна комуникација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Само неколку примери се доволни да се види како неодговорно се тврди дека „власта го користи буџетот само за да краде“, или дека „сите мерки на мафијашката власт се дебакл“.

Од друга страна ниту владејчката партија не заостанува со речник во алкапонеовски стил кога со спомнува јавно својот ривал. „Ги искрадовте граѓаните“ или „престанете да бидете кукавици“ како и „пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ за ништење на државата“ се дел од арсеналот што го користи СДСМ против опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се само мал дел од морето примери на комуникација од која се згрозува интелектуалната јавност и која ве наведува да се прашувате кому се обраќаат политичките партии кои веќе три децении ја предводат Македонија и што сакаат да постигнат со таквата вознемирувачка реторика.

Каде води оваа недолична комуникација? И може ли со таква меѓусебна реторика да се изгради амбиент за консензус за уставните измени но и општ амбиент за култивирање на политичкиот дијалог кој одамна го проби дното на цивилизирана комуникација и јавно општење меѓу главните актери на политиката?

Политикологот Марко Трошановски во изјава за НоваТВ вели дека политичките актери мора да бидат свесни дека ваквото ниво на етикетирање на политичкиот противник, и оцрнување на политичкиот ривал, не ја носи земјата никаде, односно најмалку придонесува за содавање атмосфера за градење на компромис околу уставните измени.

„Партиските центри за комуникација конечно мора да сфатат дека светогледот на луѓето, нивото на комуникација, вокабуларот кој што им го наметнуваат на луѓето за да разговараат за политиката, ако продолжи вака да биде отровен, создава јавност која што има менталитет на мала паланка, на провинција, во која што малограѓански аргументи и критики, завист и омраза преовладуваат во начинот на кој што луѓето комуницираат меѓу себе, и дека тоа се гласачите кои што сами си ги создаваат за себе и во иднина“.

Отровниот речник во политиката не е од сега, туку е присутен со децении наназад. Веќе не е ни важно кој почна, туку кој ќе стави крај на овој комуникациски криминал кој нанесува штета на вкупниот амбиент во државата и ја намалува и без тоа ниската доверба во политиката. Последната анкета на ИРИ покажа рекордно ниска доверба на јавноста во политичарите при што, иронично, поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски е „најпопуларен политичар“ со рејтинг од 7 отсто, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6 отсто, како и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по што следи Ковачевски со 5 проценти. Анкетата покажа и дека само 7 отсто граѓани и веруваат на Владата, а 8 отсто на опозицијата.

Можеме да заклучиме и дека тоа се должи и на непримерниот начин на комуникација во јавниот простор кој ги одвраќа граѓаните да ги слушаат аргументите на едниот или на другиот политички блок и кој предизвикува сомневање во раководењето со државата како и во новите луѓе што ќе дојдат на власт.

Прашањето кое многумина често си го поставуваат е „има ли пилот во авионот“, или што ги предизвикува политичките актери да водат таква недолична меѓусебна комуникација.

„Мислам дека конечно треба да се престане со таа спирала на токсично комуницирање. Тоа зборува и за квалитетот на кадарот во партиите и нивната неспособност да ги согледаат последиците од своите постапки во политичката комуникација, кои, како што реков, можеби на краток рок мобилизираат гласови бидејќи апелираат на емотивните димензии на човековиот став, меѓутоа на подолг рок создаваат разјарена и цинична јавност од која се дел и тие односно во таа јавност живеат и тие и нивните деца“, вели Трошановски.

 

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Марко Трошановски политичка реторика СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.