Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин донесе одлука за суспендирање на учеството во договорот за намалување на нуклеарното оружје

0
By Соња Крамарска on February 21, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 21, 2023 15:49

Рускиот претседател Владимир Путин во неговото одложено годишно обраќање пред Националното собрание на Русија, обвинувајќи го Западот за сопствената неиспровоцирана целосна агресија врз Украина, и во обид да ги заобиколи  константните неуспеси на бојното поле, изјави дека донел одлука да го суспендира учеството на неговата земја во Договорот за намалување на нуклеарното вооружување со САД – „Новиот СТАРТ“, загрозувајќи го последниот преостанат пакт со кој се регулираат двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.

Како што пренесува Си – Ен – Ен, договорот кој поставува ограничувања на бројот на распоредени нуклеарни оружја со интерконтинентален дострел што може да ги имаат и САД и Русија, последен пат беше продолжен на почетокот на 2021 година за пет години, што значи дека двете страни наскоро ќе треба да почнат да преговараат за друг договор за контрола на вооружувањето.

Според клучниот договор за контрола на нуклеарното оружје, и на Соединетите Држави и на Русија им е дозволено да вршат инспекции на локациите за оружје на едни со други, иако инспекциите беа прекинати од 2020 година поради пандемијата „Ковид-19“.

Иако Русија не се повлекува целосно од пактот, се чини дека ја формализира својата сегашна позиција. Со месеци, американските власти беа фрустрирани поради недостатокот на соработка на Русија со договорот.

Според американски официјални лица, Русија постојано одбива да дозволи инспекции на нејзините нуклеарни постројки.

„Русија не ја исполнува својата обврска од Новиот договор СТАРТ да ги олесни инспекциските активности на нејзината територија“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент во јануари. Одбивањето на Русија да ги олесни инспекциските активности ги спречува Соединетите Држави да користат важни права според договорот и ја загрозуваат одржливоста на американско-руската контрола на нуклеарното оружје“, рече портпаролот.

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен рече дека одлуката на Русија да го суспендира учеството во Договорот за намалување на нуклеарното оружје Новиот СТАРТ е „длабоко несреќна и неодговорна“.

Администрацијата на Бајден останува подготвена да разговара за договорот за нуклеарно оружје „во секое време со Русија, без оглед на се друго што се случува во светот“, рече тој.

„Ќе набљудуваме внимателно за да видиме што всушност прави Русија“, додаде тој, велејќи дека САД ќе се погрижат „соодветно да се постават за безбедноста на нашата земја и на нашите сојузници“.
„Мислам дека е важно да продолжиме да се однесуваме одговорно во оваа област, тоа е исто така нешто што остатокот од светот го очекува од нас“, рече Блинкен.

Седницата на Билатералната консултативна комисија за договорот требаше да се одржи во Египет кон крајот на ноември, но ненадејно беше одложена. САД ја обвинија Русија за ова одложување, при што портпаролот на Стејт Департментот рече дека одлуката била донесена „еднострано“ од Русија.

Последниот развој на настаните што го објави Путин „го става (договорот) за одржување во живот“, напиша на Твитер Ханс Кристенсен, директор на Проектот за нуклеарни информации, прашувајќи се дали Русија сега ќе престане да разменува податоци со американските колеги.

„Острењето на нуклеарната сабја“ на Путин за време на војната ги вознемири САД и нивните сојузници, иако властите постојано ги отфрлаа потезите како празни закани.

Во декември, Путин предупреди на „зголемената“ закана од нуклеарна војна, а овој месец, Дмитриј Медведев, заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, се закани дека губењето на војната за Русија може да „провоцира избувнување на нуклеарна војна“.

„Нуклеарните сили не губат големи конфликти од кои зависи нивната судбина“, напиша Медведев во објавата на Телеграма. „Ова треба да биде очигледно за секого. Дури и на западен политичар кој има задржано барем некоја трага од интелигенција“.

Иако проценката на американското разузнавање во ноември сугерираше дека руските воени претставници разговарале под кои околности Русија би употребила тактичко нуклеарно оружје во Украина, САД не виделе никакви докази дека Путин одлучил да преземе драстичен чекор да го употреби, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.

 

Договор нуклеарно оружје Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.