Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ќе оди во посета на Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. Посетата е во својство на шеф на дипломатијата на Македонија како земја претседавач со ОБСЕ. За време на посетата Османи ќе има работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија повеќе десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни тешкотии за достава на хуманитарна помош, храна…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети на 27 февруари во Брисел на средба на „високо ниво“ за нормализација на односите меѓу двете страни. На самиот ден кога Косово ја слави 15-годишнината од прогласувањето на независноста, ЕУ соопшти дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ги поканил Курти и Вучиќ на средба во Брисел. Според соопштението од ЕУ, во фокусот на разговорите ќе биде европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа пред три месеци во рамки на дијалогот во Брисел со…
„Во контекст на разговорите со претседавачот на Еврогрупата, одлучено е да не поднесеме конвергентен извештај на крајот на февруари, бидејќи не ги исполнуваме критериумите. Со оглед на тоа што не поднесуваме извештај за конвергенција на крајот на февруари, повеќе не важи рокот за влез во еврозоната до 1 јануари 2024 година“, рече денеска на брифинг во Софија вршителката на должност министерка за финансии Росица Велкова, јави БГНЕС. Велкова нагласи дека европските партнери на Бугарија веројатно внимателно ги следеле дебатите во 48. Народно собрание. Според неа, следното Народно собрание мора да донесе неколку предлог-закони за влез на Бугарија во еврозоната, бидејќи…
Алтернатива има комуникација со т.н. „oгнена група“ на ДУИ, но не и со Движењето Беса, информира на денешната прес-конференција во партиското седиште, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирја Ибраими. „Со т.н. „огнена група“ сме имале комуникација. Со Беса уште немаме комуникација. Но, тоа се работи кои допрва ќе треба да се разгледаат“, рече Ибраими. На новинарско прашање околу условувањето од страна на Алтернатива на уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, Ибраими рече дека партиското барање за усвојување на амандман за борба против корупцијата, не претставува условување или уцена. „Ако е условување и уцена вметнувањето на амандманот за борба против…
Основен кривичен суд Скопје: Обвинувања на Бојан Јовановски се неосновани и манипулирање со јавноста
Основниот кривичен суд Скопје ги оценува како неосновани денешните обвинувања на осудениот Бојан Јовановски. Според судот, „се работи за манипулирање со јавноста, со Законот за кривична постапка и со уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и покојниот судија Огнен Ставрев“. „Најпрво, се работи за неправосилно решение на кое странките веќе поднеле жалба по која треба да одлучува Кривичниот совет. Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед дека заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците производители на полјоделски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенциите за полјоделски култури. Исплатена е финасиска поддршка од 422,4 милиони денари за над 24.000 корисници. Како корисници на финасиската поддршка се јавуваат земјоделските стопанства кои во 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со полјоделски култури. Висината на поддршката изнесува 6000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде поддршката изнесува 8000 денари по хектар и поддршката за ориз која изнесува 18.000 денари по хектар. Претходно Агенцијата изврши исплата и на субвенциите кај…
Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека приоритетите на САД и Косово се зајакнување на безбедноста и стабилноста на Косово и на Западен Балкан, како и нормализација на односите со Србија, фокусирани на „заемно признавање“. „Оваа година, САД и Косово го потврдија своето силно партнерство и заедничка посветеност на демократијата во Косово во соочувањето со новите предизвици во европската безбедносна средина“, рече тој по повод 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово. „Напредокот на Косово во текот на 15-те години независност е извонреден по неговите големи чекори во развојот на стабилна, мултиетничка, инклузивна демократија“, се вели во честитката на Блинкен…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во Минхен, каде денеска ќе присуствува на 59. Минхенска безбедносна конференција, порача дека „поминаа точно 15 години откако Албанците ја прогласија својата таканаречена независност на Косово“. Рече и дека денот ќе биде ден полн со изненадувања. „Имаме добри вести што ќе им ги соопштиме на граѓаните на Србија, некои денеска, а некои за седум дена, а се однесуваат на Косово и Метохија“, рече Вучиќ. „Она што сакам да им го кажам на луѓето е дека ќе ја заштитиме нашата земја, мирот, но и виталните национални интереси. Нема предавање“, додаде тој. Во текот на трите…
Поради сајбер-нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) па се вратија во функција хартиените обрасци, што предизвика страв и вознемиреност кај граѓаните и медицинскиот персонал. Велат дека имаат проблеми со боледувањето, породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата. Вчера премиерот Димитар Ковачевски информираше дека станува збор за хакерски напад при што се бара откуп за враќање назад на добиените податоци. „Се работи за напад со „ransomware“. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина…
„Стабилизирано и зголемено мнозинство ќе ни помогне во реформите во правосудството. Мнозинството пред реконструкцијата броеше 64 пратеници. Колку ќе брои сега ќе оставам да биде мала тајна и да видите следната недела. Тоа го правиме од тактички причини, бидејќи е интензивна политичката ситуација и нормално е да бидеме претпазливи во јавните настапи“, рече Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ во „Студио 10“ на ТВ24. Тој додаде дека следната недела ќе стане појасно колкаво ќе биде новото мнозинство по излегувањето на Алтернатива и Демократски сојуз и влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата. „Се надевам дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го користат…
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, затоа што преку веб порталот во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – уцена, едно кривично дело – пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – злоупотреба на лични податоци. Од обивнителството посочија дека предметот е оформен по поднесени кривични пријави против Стаменковски од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, за објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Детално соопштувајќи…
Во Косово денеска ќе се одржат бројни манифестации по повод 15-годишнината од прогласувањето на независноста, вклучувајќи свечени седници на парламентот и владата, паради на припадниците на косовските безбедносни сили и косовската полиција и други културно-уметнички активности. Официјалната седница на владата ќе се одржи претпладне во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот пред седиштето на извршната власт. Свечената седница на косовскиот парламент ќе се одржи по свечениот концерт на Косовската филхармонија во Собранието. Парадата на припадниците на косовските безбедносни сили и на косовската полиција ќе се одржи во центарот на Приштина, а ќе ја следат највисоките претставници…