Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Киднапиран“ системот на ФЗО: Што е „ransomware“ и дали државата треба да плати откуп?

0
By Соња Крамарска on February 17, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 17, 2023 12:15

Поради сајбер-нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) па се вратија во функција хартиените обрасци, што предизвика страв и вознемиреност кај граѓаните и медицинскиот персонал. Велат дека имаат проблеми со боледувањето, породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски информираше дека станува збор за хакерски напад при што се бара откуп за враќање назад на добиените податоци. „Се работи за напад со „ransomware“. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот“, рече Ковачевски.

За тоа што значи софтверот „ransomware“, контактиравме со дел од експертите по ова поле. Експертот за сајбер безбедност, Сенад Аруч во разговор за „Локално“ вели дека ваквите напади се многу голема проблематика во светот и потекнува од 2012 година, кога првпат беа видени јавно.

„На времето хакерите беа повеќе определени кон кражба на кредитни картички, но е комплициран процес и помалку го прават, па се упатија кон „ransomware“. Пробиваат и ги заклучуваат податоците што ги имаат. Не ги вадат или крадат, туку само ги енкриптираат и со приватни клучеви и после ти бараат пари ако сакаш да ги добиеш податоците назад. Ви даваат 24 часа за плаќање и после тоа цената оди нагоре, вели Аруч.

Тој додава дека имаат две варијанти – каде што ќе ви ги енкриптираат податоците и ќе ви бараат откуп и вториот ако сте фирма или компанија и ако имате битни информации, тогаш прво ќе ви ги украдат и после ќе ви бараат откуп.

„Ова може да се случи и приватно. Ако имате експлицитни слики како последен корисник, тогаш ќе ви се заканат дека ќе ви ги објават сликите. За 2022 година статистички околу 236 милиони напади се регистрирани со „Рансомвер“ низ целиот свет. 46 отсто од компаниите што биле нападнати со овој напад платиле откуп за да ги вратат податоците назад, тоа е бројка од 2021 година“, вели експертот.

Аруч истакнува дека од тие што платиле околу 255 илјади долари е по компанија што дале пари за откуп.

„Прво треба да се види каков „ransomware“ напад е, второ треба да се види дали се бара пари и трето треба да се види со која групација на „ransomware“ напади си имаме работа. Во некои постари верзии можат да се отклучат овие податоци без да се плати откуп. Не знам со која верзија е нападната ФЗО затоа не можам да кажам дали ќе се среди проблемот без да платат. Прашањето е зошто немаат „back up“ (заштита на податоците). Мораш да имаш „back up“. Ако го имаш тоа, нема да се грижиш со компании и со плаќање на откуп, ќе губиш еден или два часа во денот со податоците. Некој во ФЗО не имплементирал правилно. Таа фирма што е задолжена за системот мора да сноси одговорност. Ние не зборуваме дали ќе платиме откуп, туку мораме да прашаме каде е ‘back up’-от“, појаснува соговорникот.

Аруч дава и свое видување што понатаму во ваква ситуација.

„Штетата е направена. Што е стратегијата на Владата? Во сите владини сектори низ светот, стратегијата за безбедност е на врвно ниво дека ќе се случи нешто и што после. Многу е тешко да се открие. Лоша е работата. Ние сме земја кандидат за членство на ЕУ и ова мора да биде јавно објавено ваквата информација. Темата е опширна“, анализира експертот по сајбер безбедност.

 

 

„ransomwаre“ Фонд за здравствено осигурување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.