Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: На сите ќе им стане јасно дека имаме стабилно и зголемено мнозинство

0
By Соња Крамарска on February 17, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 17, 2023 11:39

„Стабилизирано и зголемено мнозинство ќе ни помогне во реформите во правосудството. Мнозинството пред реконструкцијата броеше 64 пратеници. Колку ќе брои сега ќе оставам да биде мала тајна и да видите следната недела. Тоа го правиме од тактички причини, бидејќи е интензивна политичката ситуација и нормално е да бидеме претпазливи во јавните настапи“, рече
Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека следната недела ќе стане појасно колкаво ќе биде новото мнозинство по излегувањето на Алтернатива и Демократски сојуз и влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата.

„Се надевам дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го користат правото на дискусија, но тоа да не премине во бесконечно одолговлекување, бидејќи на државата ѝ треба функционална Влада и стабилно мнозинство“, рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ рече дека се неосновани тврдењата на опозицијата дека власта нема мнозинство и ги повика доклку навистина веруваат во тоа, да завршат со дискусијата за да се премине на гласање и да се видат бројките.

„Зголемено мнозинство имаме, но ВМРО-ДПМНЕ одолговлекува за да се сокрие дека тие го немаат мнозинството што го најавуваше Христијан Мицкоски веќе две години. Последната негова најава беше дека на крајот на јануари и во февруари ќе имал мнозинство“, рече Богоев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.