Author: Соња Крамарска

Новата влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, синоќа положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот. За избор на новата влада гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција исолидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место. Речеан, 48-годишен економист кој една година беше советник за одбрана ибезбедност на молдавската претседателка Маја Санду, беше назначен за премиер минатата недела, откако премиерката Наталија Гаврилица ненадејно поднесе оставка. Откако членовите на владата положија заклетва пред претседателката Санду, таа им рече дека мора да ја водат Молдавија низ „многу тежок период, обележан со повеќе…

Read More

Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата. Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено на тоа не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, појаснува министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА. „Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. По ова инвеститорите на годишна основа добиваат отплата на купонската камата или пак ја тргуваат/препродаваат еврообврзницата на секундарниот пазар. Поради запазување на интерната постапка, процедурата за издавање на еврообврзница во земјава (обезбедување на…

Read More

Белгиската полиција откри и заплени приближно четири тони кокаин во градот Равелс, во близина на границата со Холандија. Дрогата е пронајдена откако двајца холандски државјани, претходно познати на полицијата, користеле апликација за навигација за да пристигнат до хангарот каде бил кокаинот. Во хангарот се пронајдени 68 торби со кокаин, со вкупна тежина од приближно 4.000 килограми. Покрај двајцата холандски државјани, уапсени се уште и седум лица, кои биле затекнати во хангарот. Белгиското пристаниште Антверпен, на 55 километри од Равелс, е познато како главна влезна точка за кокаин во Европа. Таму лани биле запленети рекордни 110 тони кокаин, 40 отсто од…

Read More

Антакија, во југоисточна Турција, нема простор на своите гробишта за да ги погреба загинатите во земјотресот минатата недела. Жителите на градот ги повикаа властите да создадат нови погребални места за нивните најблиски. Меѓународниот дописник на Еуроњуз, Анелиз Борхес, известува од Антакија дека масовните гробници почнуваат да се појавуваат низ различни делови на градот. Се земаат примероци од ДНК од неидентификувани и без придружба тела кои пристигнуваат до масовните гробници за да можат нивните семејства подоцна да ги идентификуваат Антакија во југоисточна Турција беше една од најтешко погодените области од земјотресот на 6 февруари. А напорите за пребарување и спасување влегоа во…

Read More

Колку ќе трае дебатата во Собранието за реконструкција на владиниот кабинет зависи од бројот на пријавени за дискусија што е демократско право на секој пратеник. Владејачкото мнозинство се зголемува, изјави премиерот Димитар Ковачевски. „Во Собранието има мнозинство поголемо од тоа што беше до сега. Не се развлекува дискусија, од моја страна. Јас го поднесов предлогот во петокот, сега сме веќе следниот петок. Колку ќе трае дискусијата зависи од бројот на дискутанти. По тоа што го видов од страна на пратениците на опозицијата има голема заинтересираност, тие сите се пријавени за дискусија. Тоа е демократско право, секој има право на остварување…

Read More

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ Фронтекс ќе обезбеди оперативна поддршка во граничното управување со Северна Македонија, „со целосно почитување на основните права“, според вчера усвоениот договор од пратениците на Европскиот парламент. Фронтекс ќе распореди свои тимови за поддршка на властите во Северна Македонија во управувањето со мигрантите на границата на земјата, која се наоѓа на таканаречената Балканска рута што ја користат мигрантите за да стигнат од југоисточна кон западна Европа. Ова е „склучување на меѓународен договор меѓу ЕУ и Република Северна Македонија“, се вели во соопштението за медиумите на оваа тема објавено од Европскиот парламент. Овој договор…

Read More

Време е Анкара да ги ратификува барањата на Шведска и Финска за приклучување кон Западната одбранбена алијанса. Ова го изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг при посетата на Анкара на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Продолжувам да верувам дека сега е време да ги ратификуваме и Финска и Шведска“, рече Столтенберг за време на разговорите во Анкара со турскиот министер за надворешни работи, цитиран од АФП. „Мислам дека двете земји презедоа важни чекори. Шведска го менува својот устав, создава постојан механизам и наведува дека овој механизам ќе работи со Турција“, рече тој. Истакнувајќи дека Турција има…

Read More

Руските сајбер напади во земјите на НАТО се зголемија за повеќе од 300 отсто минатата година во споредба со 2020 година, а во Украина за повеќе од 250 отсто во истиот период, објави Гугл. Зголемувањето на нападите, што се совпадна со упадот на Москва во западна Украина на 24 февруари 2022 година, е знак за тоа како сајбер војната ќе стане поприсутна во идните конфликти, се вели во новиот извештај на американскиот технолошки гигант. „Во 2022 година, Русија го зголемува таргетирањето на корисниците во Украина за 250 отсто во споредба со 2020 година“, се наведува во извештајот. „Таргетирањето на корисниците…

Read More

Млада девојка е извлечена од урнатините на урната зграда 248 часа по земјотресот што ја погоди јужна Турција, додека надежите за повеќе преживеани избледуваат. Спасувачите ја пронашле жива Алајна Олмаз (17) под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Кахраманмарас. Таа е префрлена на лекување во болница, јавува Анадолија. Државната телевизија ТРТ Хабер објави за ова спасување, пренесе Ројтерс. Повеќе од 42.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени на 6 февруари, со центар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции, вклучувајќи…

Read More

Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за едногласната одлука на судот да ја прогласи аболицијата на поранешниот претседател Иванов за „недопустлива“, за Рацин.мк изјави: „Денес ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на…

Read More

Оценката на Брисел дека Македонија ги спровела потребните чекори и ги исполнила критериумите за бришење од т.н „црна листа“ на даночни раеви, е добра вест за одговорните компании и бизнимените кои сакаат да инвестираа кај нас , но и потврда за високиот степен на доверба кон нашите институции. Листата на ЕУ се ажурира два пати годишно врз основа на позитивните промени на секоја земја, а Македонија успеа да излезе од оваа „неславна“ категорија и пред нејзиното последно дополнување и модифицирање. И покрај фактот дека одредена земја ја има на списокот само по себе не повлекува санкции или казни, веста дека…

Read More

Стотици српски националисти се собраа во главниот град Белград и побараа владата да го отфрли планот на Западот за нормализирање на односите со Косово и да се повлече од преговорите, јавува агенцијата Анадолија. Демонстрантите се собраа пред претседателската палата носејќи плакати на кои пишуваше „Косово е срцето на Србија“, „Нема предавање“ и „Предавството на Косово е предавство кон Русија!“. Тие го блокираа сообраќајот и во еден момент ја срушија металната ограда до претседателството и се приближија до зградата извикувајќи: „Каде е Вучиќ“. Групата потоа фрлала јајца кон прозорците и се заканувала дека ќе го убие српскиот претседател Александар Вучиќ, а…

Read More