Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата и не можеле да тргуваат со неа

0
By Соња Крамарска on February 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 16:23

Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата. Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено на тоа не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, појаснува министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА.

„Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. По ова инвеститорите на годишна основа добиваат отплата на купонската камата или пак ја тргуваат/препродаваат еврообврзницата на секундарниот пазар. Поради запазување на интерната постапка, процедурата за издавање на еврообврзница во земјава (обезбедување на мислење и од страна на министерот за правда, функција која во моментот нема врштител), инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, како што се појавија одредени тврдења“, вели Бесими.

Според него, неточни се и тврдењата што излегоа во јавноста за барање отштета и пенали и за намалување на кредитниот рејтинг на земјата поради неиздавањето на еврообврзницата.

„На пазарите на капитал тековно нема промени од аспект на каматите на пазарот, но не би шпекулирале со очекувања за каматната стапка бидејќи тоа се пазарно чуствителни информации. Ќе истакнеме само дека довербата на инвеститорите во економските политики на Владата е силна, што се огледа од нивната побарувачка за еврообврзницата која беше за 2,5 пати повисока од понудата на аукцијата која беше одржана. Имено, ние понудивме 600 милиони евра, тие сакаа да запишат милијарда и петстотини милиони евра, но останавме на понудената сума од 600 милиони евра“, вели министерот Бесими.

За кредитниот рејтинг вели дека е комплексна оценка на низа макроекономски и политички критериуми, a најдобар доказ за мислењето на инвеститорите, како што посочува, е побарувачката којашто била исклучително висока.

Бесими уверува дека издавањето на еврообврзницата ќе биде завршено веднаш штом биде назначен нов министер за правда од страна на Собранието за што верува дека политичките чинители нема да го одолжуваат процесот на именување.

Еврообврзницата од 600 милиони евра требаше да се искористи за покривање на стари долгови и на еврообврзницата од 2016 година кои доспеваат оваа година.

еврообврзница Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.