Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гугл: Руските сајбер напади кон НАТО земјите зголемени за 300 отсто

0
By Соња Крамарска on February 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 12:29

Руските сајбер напади во земјите на НАТО се зголемија за повеќе од 300 отсто минатата година во споредба со 2020 година, а во Украина за повеќе од 250 отсто во истиот период, објави Гугл.

Зголемувањето на нападите, што се совпадна со упадот на Москва во западна Украина на 24 февруари 2022 година, е знак за тоа како сајбер војната ќе стане поприсутна во идните конфликти, се вели во новиот извештај на американскиот технолошки гигант.

„Во 2022 година, Русија го зголемува таргетирањето на корисниците во Украина за 250 отсто во споредба со 2020 година“, се наведува во извештајот. „Таргетирањето на корисниците во земјите на НАТО е зголемено за над 300 проценти во истиот период“.

Во извештајот се вели дека напаѓачите поддржани од руската влада ги зголемиле сајбер операциите од 2021 година како подготовка за инвазијата. Нејзините автори забележале „подеструктивни сајбер напади во Украина во првите четири месеци од 2022 година отколку во претходните осум години, а нападите го достигнаа својот врв околу почетокот на инвазијата“.

Актерите спонзорирани од руските вооружени сили „користеле разорен малициозен софтвер за да ги попречат и деградираат владините и воените капацитети на Украина“, се вели во извештајот.

Нивната сајбер офанзива – вклучително и против корисниците на НАТО – се движи од преземање веб-страници до собирање разузнавачки информации и информативни кампањи за да го поколебаат јавното мислење, вклучително и во корист на руската платеничка група Вагнер.

„Јасно е дека сајбер-просторот сега ќе игра интегрална улога во идните вооружени конфликти, дополнувајќи ги традиционалните форми на војување“, велат од Гугл.

Многу нови актери се вклучени во сајбер напади.

„Војната ги натера напаѓачите поддржани од кинеската влада да го насочат своето внимание кон украинските и западноевропските цели за да соберат информации за конфликтот“, се вели во извештајот.

 

 

Гугл НАТО Русија сајбер напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.