Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, вели дека за азилот што експремиерот Никола Груевски го доби во нејзината држава одлучува правосудството. Во краткиот одговор на новинарско прашање што го доби за време на прес-конференција со Пендаровски, таа вели дека се радува што односите помеѓу двете држави се развиваат и тоа не е поврзано и не влијае на криминални прашања. „Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство. Јас многу се радувам дека во рамки на оваа моја посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држави се…
Обилните снежни врнежи и ниските температури денес ги затворија училиштата и продавниците во грчкиот главен град, а многу јавни служби и бизниси се префрлија на работа од далечина. Сообраќајот на некои централни патишта и на националниот пат што ја поврзува Атина со централна Грција беше запрен бидејќи бурата „Барбара“ ја премина земјата и предизвика снежни врнежи во главниот град, објави Катимерини. Некои метро станици во близина на меѓународниот аеродром во градот исто така беа затворени, а железничките линии кон северниот град Солун се суспендирани. Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања. Според државната телевизија ЕРТ, спасувачките екипи на противпожарната…
Министерството за надворешни работи преку амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја. „Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата ‘Еразмус плус’ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза…
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз Косово да го прифати формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), туку наместо тоа да се фокусираат на тоа како Србија да ја направат подемократска земја и да се откаже од, како што рече, хегемонистичките идеи на Белград. Во интервју за агенцијата Асошиејтед прес, Курти рече дека „српските власти треба да ја признаат независноста на сите поранешни републики на СФРЈ, за да се соочат со минатото“. Тој исто така нагласи дека Белград треба повеќе да се сврти кон Западот и НАТО наместо кон Русија. „Ако се ослободат…
За разлика од многу други, исто така опасни природни катастрофи, како што се урагани, бури или поплави присутни кај нас, земјотресите не можат однапред да се снимат од кој било уред и да се забележат пред да се случат. Повеќето научници денес веруваат дека не станува збор за технологија или метод што сè уште не сме го освоиле, туку дека тоа не е ни теоретски возможно. Така, британскиот автор Роберт Метјус во труд од 1997 година пишува дека „во која било практична смисла, невозможно е да се предвиди појавата на земјотреси“. Исто така, постои широко распространето мислење дека овој феномен…
Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за Дојче веле, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји. „Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на…
Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека само во Турција во земјотресот загинале 912 лица, а повредени се 5.383. Тој додаде дека не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на загинатите додека траат напорите за пребарување и спасување. Најмалку 386 лица загинаа во Сирија, вклучително 239, главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, објави сириската државна телевизија. Илјадници се повредени.
Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер скала што утринава погоди делови од јужна Турција и северна Сирија однесе најмалку 2300 животи, а се урнати и повеќе стотици згради, како и тврдината во Газиантеп стара 2000 години. Од двете страни на границата, жителите останаа без сон од земјотресот пред зори што избувна надвор во студената, дождлива и снежна зимска ноќ, додека зградите беа срамнети со земја и продолжија силните последователни потреси. Во тек е спасувачка операција низ поголемиот дел од јужна Турција и северна Сирија по големиот земјотрес во кој загинаа повеќе од 2.300 луѓе. Нов земјотрес со…
По силниот земјотрес што го погоди југоисточниот дел на Турција, се урна тврдината во Газиантеп стара над 2.200 години. Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди синоќа Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји. Бројот на загинати во Турција во моментов е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај, но во меѓувреме од турското Министерство за здравство пристигна информација за 521 загинати. Ројтерс јавува дека 70 лица загинале во провинцијата Кахраманмараш, каде што е епицентарот на земјотресот, заедно со 20 лица во Османије, 18 во…
Илјадници компјутерски сервери ширум светот, вклучително и во Франција, Финска, САД и Канада, беа погодени од хакерски напад со цел да се добие откуп. Ова го соопшти италијанската Национална агенција за сајбер безбедност (ACN), која препорачува мерки за заштита на компјутерските системи. Можеби беа погодени десетици италијански организации. Претходно денеска, на 5 февруари, корисниците на Телеком Италија се пожалија на проблеми со интернетот, но се верува дека двете прашања не се поврзани. Целта на хакерскиот напад била да се искористи ранливоста на софтверот, изјави извршниот директор на ACN Роберто Балдони за Ројтерс, додавајќи дека нападот бил од големи размери. Италијанската…
По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција, Министерството за надворешни работи, стапи во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција. Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, соопшти македонското МНР.