Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Може ли да се предвиди земјотрес?

0
By Соња Крамарска on February 6, 2023 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 6, 2023 12:25

За разлика од многу други, исто така опасни природни катастрофи, како што се урагани, бури или поплави присутни кај нас, земјотресите не можат однапред да се снимат од кој било уред и да се забележат пред да се случат.

Повеќето научници денес веруваат дека не станува збор за технологија или метод што сè уште не сме го освоиле, туку дека тоа не е ни теоретски возможно. Така, британскиот автор Роберт Метјус во труд од 1997 година пишува дека „во која било практична смисла, невозможно е да се предвиди појавата на земјотреси“.

Исто така, постои широко распространето мислење дека овој феномен може да припаѓа на таканаречените самоорганизирани критични феномени (кои физичарите, заинтригирани од непредвидливоста, со голема страст ги проучуваат во последните децении), каде што низа помали механички настани на некои точки, која воопшто не може да се предвиди математички, одеднаш прераснува во лавина, пишува списанието „Наука низ приказни“.

Меѓутоа, во седумдесеттите години на 20 век, кај бројните сеизмолози преовладувало сосема поинакво мислење – дека земјотресите сè уште може да се предвидуваат и дека за десет години ќе може да се развие сигурен систем за предупредување.

Сепак, последователните истражувања, огромните прогнозирачки неуспеси и контроверзите околу земјотресот во Кина од 1975 година, кои беа предвидени една година претходно, доведоа до тоа гледиштето да биде во голема мера отфрлено во 1990-тите.

Денес, особено во подрачјата подложни на земјотреси, развиени се различни системи за брз аларм со цел да се реагира што е можно побрзо кога ќе се открие земјотрес. Исто така, развиена е цела научна област која се занимава со проценка на ризик од земјотрес. Но, не постои метод со кој може точно да се одреди кога, каде и колку силно ќе се случи следниот земјотрес.

Научното знаење, развојот на физиката, а особено метеорологијата, доведоа до фактот дека иако понекогаш не можеме да ги спречиме, барем лесно можеме да ги предвидиме опасностите што ни ги фрла природата.

Ова прашање во една прилика заврши на суд. Имено, по земјотресот во Акила, Италија, осудени се седуммина сеизмолози бидејќи однапред не најавиле дека после серија помали земјотреси ќе следи разорен земјотрес.

Напротив, тие сметаа дека нема опасност и населението не беше евакуирано. Судењето предизвика огромно внимание и реакции кај научниците ширум светот. На крајот, во постапката пред повисокиот суд, научниците беа ослободени.

земјотрес Предвидување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.