Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: ЗСО заснована на етнички принципи е опасен преседан и пат кон нови конфликти

0
By Соња Крамарска on February 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 6, 2023 12:37

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз Косово да го прифати формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), туку наместо тоа да се фокусираат на тоа како Србија да ја направат подемократска земја и да се откаже од, како што рече, хегемонистичките идеи на Белград.

Во интервју за агенцијата Асошиејтед прес, Курти рече дека „српските власти треба да ја признаат независноста на сите поранешни републики на СФРЈ, за да се соочат со минатото“.

Тој исто така нагласи дека Белград треба повеќе да се сврти кон Западот и НАТО наместо кон Русија.

„Ако се ослободат од идејата дека Косово сè уште е дел од Србија, тоа ќе биде многу подемократско, поевропско“, рече Курти.

Според Курти, претходните преговори се сведоа на идеолошко решавање на проблеми, што доведе до фактот дека „секое решение стана уште покомплицирано, уште помалку за преговарање, а јавноста изгуби интерес“.

Новиот француско-германски предлог е „добра рамка и платформа за напредок, што ни дава надеж во однос на исходот од идните преговори и постигнување договор“, рече Курти.

Оваа изјава на косовскиот премиер доаѓа откако САД го зголемија притисокот врз Приштина да го спроведе Бриселскиот договор од 2013 година и да формира ЗСО, која би ги координирала активностите во областа на образованието, здравството, урбанистичкото планирање и просторното планирање и економскиот развој на локално ниво.

Уставниот суд на Косово во 2015 година го прогласи ваквиот план за неуставен, со оценка дека ЗСО ги исклучува другите, несрпски етнички групи и дека таа заедница ќе има и извршни овластувања.

Курти во интервјуто повтори дека формирањето на ЗСО не му е приоритет. Минатата недела тој презентираше низа услови, велејќи дека таква заедница може да се формира само како дел од конечниот сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Западните сили треба да учат од примерот на Република Српска и да се плашат од формирање на мини-држава на Косово“, рече Курти.

„Ако во Западен Балкан ја афирмираме идејата за заедници на општини врз основа на етничкиот принцип, тоа е рецепт за нови конфликти“, рече Курти. Според него, Западот не треба да врши притисок врз малите држави како Косово, кои се демократски.

Проблемите што постојат меѓу Косово и Србија можеби се мали и иритирачки, а Западот треба да обрне внимание на она што се случува во регионот, „бидејќи секое погрешно решение на Балканот ќе се примени на друго место“, рече Курти.

Тој истакна дека взаемното признавање е суштината на секој преговарачки процес, што Белград цврсто го отфрла.

Албин Курти ЗСО Косово преговори Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.