Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка. Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување и очекува позитивен одговор од страна на Mинистерствата за здравство и финансии. Барањето е за вработување на 15 лекари, а останатите се за медицински сестри, болничари, хигиеничари и физиотерапевти. „Со оваа група која замина во приватната болница и овие два месеци имаме пензионирање на повеќе…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека пристигнала во Киев со тим комесари во четвртокот, еден ден пред самитот Украина-Европска унија во земјата разурната од војна. „Среќна сум што се враќам во Киев, по четврти пат од руската инвазија. Заедно сме тука да покажеме дека ЕУ стои на Украина цврсто како и секогаш. И дополнително да ја продлабочиме нашата поддршка и соработка, таа на Твитер. „Пристигнав во Киев за да испратам најсилен сигнал за поддршката на ЕУ до сите Украинци“, напиша на Твитер високиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел, прецизирајќи дека помошта на ЕУ за Киев…
СОЊА КРАМАРСКА Цел месец Македонија живее во неизвесност дали безбедно ќе помине чествувањето за роденденот на Гоце Делчев. Оваа историска личност за која учевме уште во основно училиште, наместо да остане во минатото, полека се претвора во иднина за Македонија. Дали бил наш, дали бил Бугарин. Како да е тоа од пресудна важност за тоа што ја чека нашата држава во новиот безбедносен поредок кој тропа на врата, или како да од тоа зависи здравјето и благосостојбата на нацијата во климатските промени и другите нови околности кои настапија во светот. Жално е што од антиката конечно се спасивме но…
Бугарскиот парламент со големо мнозинство усвои декларација со која категорично го осуди насилството врз македонските Бугари во Македонија, како и омаловажувањето на проблемот со нивните права и безбедност. Бугарија го осуди говорот на омраза и инсистираше да се спроведува Договорот за пријателство, кој според Софија, властите во Скопје не го почитуваат. Ова е дел од наводите во декларацијата на 48. Народното собрание, што е една од последните одлуки на пратениците пред да се распуштат, усвоена со 184 гласа „за“ и 1 „воздржан“. Како што известуваат бугарските медиуми една од причините за усвојување на декларацијата е инцидентот во Охрид со „македонскиот…
Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Вашингтон, каде се наоѓа на молитвен појадок во Белата Куќа, имаше средба и со Габриел Ескобар, специјален претставник за Западен Балкан, на која се разговараше за важната улога на Македонија во регионот и партнерството и сојузништвото меѓу двете земји. Грковска на средбата нагласи дека стратешкото партнерство со САД за Северна Македонија е од суштинско значење и изрази благодарност за поддршката во справувањето со корупцијата, како еден од најзначајните приоритети во градењето на демократски и економски силно општество. Ескобар истакна дека покрај чекорите кои нашата Влада ги презема со цел остварување на…
Истакнатиот руски новинар Александар Невзоров денес беше осуден во отсуство на осум години затвор од московскиот суд под обвинение за ширење „лажни вести“ за руската армија, објави сајтот Еуроактив. Судот (у)тврди дека Невзоров (64) бил „мотивиран од политичка омраза“ кога ги обвини руските вооружени сили во објавите на социјалните мрежи минатиот март за намерно гранатирање на породилиште во украинскиот град Мариупол, тврдење кое Москва го смета за лажно. Во соопштението на судот се вели дека тој ќе биде испратен во казнена колонија доколку некогаш се врати во Русија и дека му е забрането четири години да управува со интернет содржини.…
Бугари од Македонија денеска во Брисел се сретнале со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тие на средбата, како што јавува бугарската агнеција БГНЕС му се пожалиле на Вархеји дека бугарската заедница во земјава немала дијалог со властите во Северна Македонија, за што вложувале напори повеќе од две години. „Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“, изјавиле за БГНЕС Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски кои денеска се сретнале со еврокомесарот Вархеји. Парламентот во Македонија, наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел…
Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободи и права поднесено од Антонио Милошоски преку негов правен застапник. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на дипломатијата се жалеше до Уставниот суд поради прифатен обвинителен акт против него. Меѓутоа, Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка, се вели во денешното соопштение што го издаде Уставниот суд.…
Војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина требаше да биде неговото крунско достигнување, демонстрација за тоа колку далеку стигнала Русија од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Анексијата на Украина требаше да биде првиот чекор во обновата на руската империја. Не испадна така. Киев остана силен, а украинската војска се трансформираше во сила, делумно благодарение на блиското партнерство со САД и западните сојузници. Руската армија, напротив, покажа лошо стратегиско размислување и организација. Политичкиот систем зад него се покажа неспособен да учи од своите грешки. Со мали изгледи да ги диктира акциите на Путин, Западот ќе мора да се…
Брисел нема да вети дека ќе го забрза процесот за приклучување на Украина кон Европската унија, на самитот во Киев, на кој ќе се разговара за членството на Украина во ЕУ, пишува британскиот магазин Фајненшл Тајмс. Раководството на ЕУ не треба да и дава лажни надежи на Украина дека ќе стане членка во наредните години, пишува Фајненшл тајмс (ФТ), повикувајќи се на изјавите на дипломатите на земјите-членки на ЕУ во Брисел. Според извори на кои се повикува ФТ, изјавите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и неговите колеги за потребата од што поскоро финализирање на пристапувањето на Украина доведоа…
Една и пол година откако на снимање на филмот „Рѓа“ беше смртно застрелана снимателката Халина Хачинс, подигнато е обвинение против холивудската ѕвезда Алек Болдвин и против оружарката на филмот Хана Гутиерез-Рид. Обвинителството во американската сојузна држава Њу Мексико ги товари двајцата за убиство од небрежност. Во случај да бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со казна затвор до пет години. Во случајот на Болдвин, Обвинителството зборува за неколку „крајно непромислени дејствија“ или непромислено откажување од мерките на претпазливост во деновите и минутите пред смртниот истрел. Болдвин, кој покрај главната улога бил и продуцент на филмот, при снимање на една сцена ракувал…
Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени, се агенти на руска разузнавачка служба. „Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба“, изјави министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол…