Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот парламент ја  усвои Декларацијата за македонските Бугари

0
By Соња Крамарска on February 2, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 2, 2023 11:25

Бугарскиот парламент со големо мнозинство усвои декларација со која категорично го осуди насилството врз македонските Бугари во Македонија, како и омаловажувањето на проблемот со нивните права и безбедност. Бугарија го осуди говорот на омраза и инсистираше да се спроведува Договорот за пријателство, кој според Софија, властите во Скопје не го почитуваат. Ова е дел од наводите во декларацијата на 48. Народното собрание, што е една од последните одлуки на пратениците пред да се распуштат, усвоена со 184 гласа „за“ и 1 „воздржан“.

Како што известуваат бугарските медиуми една од причините за усвојување на декларацијата е инцидентот во Охрид со „македонскиот Бугарин Христијан Пендиков“, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“. Документот е усвоен само еден ден откако делегација на македонските Бугари беше пречекана во Европската комисија од страна на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.

Декларацијата ги обединува предлозите на Десислава Атанасова од ГЕРБ, Андреј Ѓуров од ПП, Костадин Костадинов од Преродба и Елисавета Белобрадова и Стојан Михалев од ДБ.

Се состои од повеќе точки:

Народното собрание категорично ги осудува манифестациите и повиците за насилство врз Бугарите во Северна Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и изведување на сторителите пред лицето на правдата;

Го осудува говорот на омраза во Северна Македонија против локалните Бугари и Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина. Ги повикува властите и институциите во Северна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите облици и манифестации против бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест. Изразува целосна подготвеност да обезбеди каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции;

Го отфрла континуираното негирање, омаловажување и отфрлање на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во Северна Македонија;
Приговара за трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година;

Изразува загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, која им служи на интересите на земјите од трети страни;
Се противи на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија. Овие промени може да ја попречат и предодредат активноста на Заедничката мултидисциплинарна комисија според чл. 8 од Договорот од 2017 година за одредени периоди и лица;

Ги отфрла лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија и ги прифаќа како намерно влевање омраза кон Бугарија и Бугарите;

Нагласува дека заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓани со бугарска самосвест во Северна Македонија, исто така, мора да се гарантира преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската Унија и со одлуката на 47. Народно собрание од 25 јуни 2022 г.;

Ги повикува граѓаните, организациите и институциите во Северна Македонија, кои се вистински посветени на демократските вредности и европскиот пат на земјата, да заземат јасен став и да инсистираат на потребната промена.

 

бугарски Парламент Декларација македонски Бугари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.