Author: Соња Крамарска

Група од шест пилоти на хрватската армија заминаа во Франција на обука за летање со борбени авиони „Рафал“, која ќе ја завршат во мај следната година, пишува Вечерњи лист. Нивното заминување го означува почетокот на завршната фаза од големиот француско-хрватски воен договор, најголемата поединечна воена инвестиција на Хрватска во историјата, купувањето на борбената ескадрила „Рафал Ф3-Р“, вредна 1,2 милијарди евра. Набргу по првата група пилоти, ќе замине нова група од шест пилоти, разликата е во тоа што првата група вклучува веќе искусни борбени пилоти кои летале на МИГ -21, а втората група ја сочинуваат помлади пилоти кои ја завршиле обуката…

Read More

Шеесет и осумгодишна жена починала на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако ѝ се слошило во авион што летал на релација Келн-Ниш, јави РТС. Поради нејзината состојба, авионот принудно слетал на аеродромот во Белград синоќа нешто пред 22:30 часот. Во изјава за РТС од Итната помош велат дека учествувале во реанимацијата на жената, но на крајот лекарите констатирале смрт.

Read More

Во екот на војната во Европа, започнува трката за следниот шеф на НАТО. Јенс Столтенберг беше стабилна рака додека западните престолнини брзаа да и помогнат на Украина да ги одбие инвазивните руски трупи. Но, бидејќи неговиот мандат истекува во септември, се погласни се шпекулациите за тоа кој би можел да го наследи. Дали може да биде жена? Некој од источна Европа? Војната во Москва во голема мера ја комплицира одлуката, која бара консензус меѓу лидерите на 30-те земји-членки на НАТО. Следниот генерален секретар мора да одигра тежок чин за балансирање, охрабрувајќи ги главните градови да продолжат да ја снабдуваат Украина…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до сонародниците изјави дека уште не завршил со смените на високи функционери и дека секој што не работи според строгите стандарди ќе биде отпуштен. Британските медиуми пренесоа дека Зеленски минатата недела одговори на извештаите за корупција, 11 месеци по почетокот на војната, отпуштајќи повеќе од десетина високи функционери. Притоа тој вети дека нема да има толеранција за незаконското однесување или лошо управување. Во своето синоќешно обраќање Зеленски кажа дека неговата администрација планира да воведе некои нови промени како дел од напорите да продолжи со брзите и сложени преговори што ќе…

Read More

„УНДП направи анализа, со податоци за деветте месеци по руската инвазија на Украина и констатирани се ефекти кои говорат за катастрофално лош однос на општините во услови на енергетска криза“, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов на владината конференција „Година на нови можности“. Тој додаде дека трошоците за енергија на општините биле зголемени за една милијарда денари, кои тие се обиделе да ги покријат со кратење на капитални инвестиции со вкупна сума од една милијарда и 900 милиони денари и дополнително ги зголемиле долговите за 800 милиони денари. „Ова е катастрофално лош и нерационален однос кон развојот на општината…

Read More

Рекорден пораст на побарувачката за злато се забележува низ целиот свет, при што централните банки ширум светот ги засилиле своите купувања, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на податоци од Светскиот совет за злато. Аналитичарите веруваат дека купувањето злато достигна највисоко ниво во последните 55 години. Според проценките на ФТ, побарувачката на злато во 2022 година се зголемила за 18 отсто односно на 4.741 тони, што е највисоко ниво од 2011 година. Годишното купување злато од централните банки изнесуваше 1.136 тони, што е двојно повеќе од 2021 година. Во втората половина на 2022 година, регулаторите ги зголемија купувањата на историски нивоа.…

Read More

Финските, норвешките, данските и исландските новинарски синдикати ќе ја напуштат Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) во знак на протест поради „коруптивните активности“, вклучително и дозволувањето на новинарите на руските државни медиуми во Украина да останат членки, соопшти денеска финскиот синдикат. Нордиските членови ја обвинија ИФЈ за долготрајни недемократски практики, криење финансиски податоци и дозволување претставници на руските државни медиуми да останат членки. „Ние ги оценуваме овие активности како корупција“, изјави претседателката на Синдикатот на новинари во Финска, Хане Ахо. Претседателот на Норвешкиот синдикат на новинари, Даг Идар Тригестад, рече дека синдикатите со години се борат да воспостават демократски правила за…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, соопшти владината прес служба. На средбата, премиерот Ковачевски и Таравари разговараа за повеќе актуелни теми врзани со стратешките определби на државата. Разговарани беа придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ со крајна цел полноправно членство во ЕУ како и стратешкото партнерство кое Северна Македонија го има формализирано со Соединетите Американски Држави. Во фокус на разговорите помеѓу премиерот Ковачевски и Таравари беа и неприкосновената борба против корупција во контекст на реформските процеси кои се случуваат…

Read More

„Јас не видов разлика помеѓу претседателот на државата и претседателот на Владата, бидејќи по Советот на безбедност, председателот на државата имаше изјава за медиуми каде го сублимираше тоа што го зборувавме на самиот Совет. А врз основа на дискусиите и заклучоците од Советот, Владата донесе одлуки за 4 февруари, заради поединци и групи што имаат желба да прават провокации и на никој начин не сакаат да има добри односи меѓу Северна Македонија и Бугарија или било која друга соседна држава“, изјави премиерот Димитар Ковачевски за Цивил Медиа, одговоарајќи на прашањето за разликата во ставот за актуелната состојба меѓу Владата и…

Read More

Пациентите со цистична фиброза во Северна Македонија сè уште чекаат современа модулаторна терапија, а од друга страна министерот за здравство Беким Сали уверува дека решение на проблемот ќе се најде. Тој за Цивил Медиа вели дека веќе е вклучен во оваа процедура, која во нормални услови би требало клиниките да ја обезбедат, но поради доцнење на терапијата мора да се вклучат двајца министри во обезбедување на терапијата. „Проблемот со цистична фиброза се трудиме да го решиме на начин што ние како Министерство за здравство се вклучуваме во разговори со Министерството за финансии, секако и со Фондот за здравствено осигурување. Во…

Read More

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека програмските решенија се претежно усогласени и оти следните денови се очекува да се разговара и за кадровските решенија. „Околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме…се надевам дека следните денови ќе ги отвориме и кадровските решенија“, рече Таравари. Вечерва за можното проширување на владината коалиција ќе разговара и Извршниот комитет на владејчката СДСМ. Според одделни извори, Алијанса за Албанците која во моментов располага со осум пратенички места во парламентот, речиси сигурно ќе влезе во Владата, и тоа ќе биде…

Read More

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска го разгледуваше Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година. Директорот на Агенцијата Зоран Ангеловски ги информираше пратениците дека Агенцијата се уште нема свои канцеларии, изразувајќи уверување дека Владата ќе го реши овој проблем. Ангеловски рече дека во текот на 2022 година, како што се наведува во извештајот за работењето на ОТА, за потребите на овластените органи во земјава, Агенцијата технички посредуваше во 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите и 328 продолжувања на истата мерка. Од наведениот број од 369 нови активирања…

Read More