Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОТА се уште нема свои канцеларии, остана кираџија во „Македонски телеком“  

0
By Соња Крамарска on January 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Директорот на ОТА Зоран Ангеловски. Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2023 15:26

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска го разгледуваше Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година. Директорот на Агенцијата Зоран Ангеловски ги информираше пратениците дека Агенцијата се уште нема свои канцеларии, изразувајќи уверување дека Владата ќе го реши овој проблем.

Ангеловски рече дека во текот на 2022 година, како што се наведува во извештајот за работењето на ОТА, за потребите на овластените органи во земјава, Агенцијата технички посредуваше во 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите и 328 продолжувања на истата мерка. Од наведениот број од 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите со техничко посредство на ОТА во 2022, 278 активирања на мерката беа за потребите на МВР, додека од 328-те продолжувања на мерката, за потребите на ова Министерство беа 149.

Согласно планот за вршење стручни надзори над работата на операторите, во текот на минатата година од страна на надлежната Комисија на ОТА биле спроведени пет редовни стручни надзори кај телекомуникациски оператори – „Македонски Телеком“, „А1 Македонија“, „Неотел“, „Телекабел“ и „МТел“. Ангеловски информираше дека од сите надзори се подготвуваат записници кои деновиве треба да стасаат во Собранието, откако ќе се усогласат со операторите.

Планираниот буџет за лани за ОТА изнесувал 348 милиони денари, од кои се потрошени околу 306 милиони денари или 87,98 отсто.

Претседателот на собраниската Комисија, Игор Јанушев го праша директорот на ОТА во врска со просторниот проблем и осовременување на Агенцијата, на што Ангеловски одговори дека ОТА се уште се наоѓа во зградата на „Македонски Телеком“ и оти во моментов ќе започнат преговори за изнајмување на простор.

„Во меѓувреме е известена Владата и другите органи дека претставува сериозен проблем работата на ОТА што немаме свој простор. Очекувам дека ќе успееме. Досега немам одговор од Владата“, рече Ангеловски.

Тој исто така нагласи дека во тек е надградба на системот за следење на комуникации, процес што се случува перманентно.

Седницата беше затворена за јавноста при разгледување на Годишниот финансиски план за 2023 година на ОТА за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации.

Формирањето и функционирање на ОТА беше клучниот дел од реформирањето на безбедносните служби за кое се наметна потребата по избивањето на скандалот со масовното прислушување од страна на владата на Груевски.

Претходно, како прва точка беше прифатен Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2022 година.

Извор: МИА

 

 

нови простории ОТА Собраниска комисија за надзор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.