Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека програмските решенија се претежно усогласени и оти следните денови се очекува да се разговара и за кадровските решенија.

„Околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме…се надевам дека следните денови ќе ги отвориме и кадровските решенија“, рече Таравари.

Вечерва за можното проширување на владината коалиција ќе разговара и Извршниот комитет на владејчката СДСМ. Според одделни извори, Алијанса за Албанците која во моментов располага со осум пратенички места во парламентот, речиси сигурно ќе влезе во Владата, и тоа ќе биде објавено кон крајот на оваа седмица.