Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сали за Цивил Медиа: Во обезбедување на терапија за пациентите со цистична фиброза се вклучуваат двајца министри

0
By Соња Крамарска on January 31, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Фото: Цивил Медиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2023 15:50

Пациентите со цистична фиброза во Северна Македонија сè уште чекаат современа модулаторна терапија, а од друга страна министерот за здравство Беким Сали уверува дека решение на проблемот ќе се најде.

Тој за Цивил Медиа вели дека веќе е вклучен во оваа процедура, која во нормални услови би требало клиниките да ја обезбедат, но поради доцнење на терапијата мора да се вклучат двајца министри во обезбедување на терапијата.

„Проблемот со цистична фиброза се трудиме да го решиме на начин што ние како Министерство за здравство се вклучуваме во разговори со Министерството за финансии, секако и со Фондот за здравствено осигурување. Во нормални услови, тоа би требало да биде предмет на разговори и дискусии и договор помеѓу клиниките за педијатрија и пулмологија, за обезбедување буџет за терапија на пациенти кои што имаат дијагноза на цистична фиброза“, истакна Сали.

Според него, се работи за болест која пред пред неколку години се сметала за ретка, но со тек на времето бројот на пациенти е зголемен околу 150, што ја надминува границата на група на пациенти кои се третират во Министерство за здравство како програма за ретка болест и преминува во делот на финансирање од страна на Фондот за здравствено осигурување. И во период на формирање на буџети за 2023 година би требало да бидат обезбедени средствата за ова терапија, меѓутоа, според Сали, „увидовме дека при формирање на буџетите односно договарање на буџет за ова година не било предвидено и терапија за овие пациенти“.

Министерот Сали вели дека веќе стапиле во контакт со претставник од компанијата што ја произведува ова терапија.

„Се работи за лек што е единствен, и единствен производител кој ни дава можност да преминеме кон директна комуникација со претставници на компанијата за да обезбедиме подобра цена за терапијата. Се работи за многу скапа терапија, каде првичните информации велат дека годишната терапија изнесува 250 илјади евра за еден пациент“, истакна меѓу другото Сали.

 

Беким Сали лек цистична фиброза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.