Author: Соња Крамарска

Не е точна информацијата дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот. Средставата доделени од Градот Скопје за МКЦ не се скратени, а програмата која самите луѓе од МКЦ ја направија е одобрена од Градот и во ниту еден момент и по ниту една ставка нема да се менува. Но, нема да дозволиме МКЦ некој да го користи како „параван“ за да го скрие сопственото манипулативно однесување, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Таа на денешната прес-конференција информираше дека в.д. директорот на МКЦ не е разрешен од таа функција која ја изршуваше, туку договорот врз основа на…

Read More

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави за тамошните медиуми дека на 3 февруари ќе издаде указ за распуштање на Народното собрание и дека ќе закаже избори кои ќе се одржат на 2 април. Радев не даде повеќе детали, само ги повика политичките партии да работат на намалување на корупцијата во државата. Бугарското Народно собрание во пет наврати не успеа да даде поддршка на ниту еден од предложените мандатори од страна на Радев, со што државата е управувана од службена влада.

Read More

Италијанската полиција рано изутринава во низа координирани акции уапси 56 лица, поради поврзаност со озлогласената мафијашка група „Ндрангета“ и заплени имот во вредност од околу 250 милиони евра. Обвиненијата со кои се соочуваат осомничените вклучуваат изнуда, киднапирање, трговија со оружје, корупција и измама… Франческо Месина, централниот директор на Одделот за криминал на Националната полиција, рече дека „решителната операција на судската полиција овозможила да се разбие жестоко мафијашко здружение“, истакнувајќи дека сумата на конфискуваниот имот „ја потврдува економската моќ на кланот Ндрангета кој конечно е засегнат“. Полициската операција доаѓа само десетина дена откако во Палермо беше уапсен озлогласениот сицилијански мафијашки бос…

Read More

Гигантот на социјалните мрежи Мета наскоро ќе ги врати профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател Доналд Трамп со „нови безбедносни правила“, две години откако беше забранет поради нападот врз Капитол во 2021 година. „Ќе ги вратиме профилите на Фејсбук и Инстаграм на г-дин Трамп во наредните недели“, рече Ник Клег, претседателот за глобални прашања на Мета, во изјавата, додавајќи дека враќањето ќе биде со „нови заштитни мерки за да се спречат повторни прекршувања“. Во иднина, проминентен лик може да биде суспендиран до две години за какво било прекршување на политиките на платформата, рече Клег. Не е јасно…

Read More

СТОЈАН СИНАДИНОВ Американската академија за филмски уметности и науки (АМПАС) ги објави номинациите за наградите „Оскар“ што ќе бидат свечено доделени на 12 март во киното „Долби“ во Лос Анџелес. Научно-фантастичната акциона комедија „Сѐ во исто време“ („Everything Everywhere All at Once“) на Дан Кван и Дениел Шнејнерт (Dan Kwan, Daniel Scheinert) доби најмногу номинации, 11, додека воената драма на „Нетфликс“, „Сѐ е тивко на Западниот фронт“ („All Quiet on the Western Front“, според романот „На запад ништо ново“ од Ерих Марија Ремарк) на Едвард Бергер (Edward Berger) и драмската комедија „The Banshees of Inisherin“ Мартин МекДона (Martin McDonagh) освоија по девет номинации. Меѓу насловите од комплетниот список на…

Read More

Уставниот суд денеска ја укина одлуката на Советот од 2014 година за Деталниот урбанистички план на скопската општина Центар. „Судот оцени дека одлуката за ДУП на општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот“, изјави по денешната седница портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска . Иницијативата до судот е потпишана од граѓанин кој живее на една од засегнатите локации. Судијата известител Осман Кадриу предложил да се отфрли иницијативата но не добил поддршка од…

Read More

Во Србија е откриено наоѓалиште на злато кое според прелиминарните студии е едно од стоте најголеми во светот. Оваа изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, започна шпекулации за локацијата на ова место, пишува српски „Новости“. Вучиќ вчера изјави дека се уште не може да ја открие точната локација, која засега ја знаат само тој и премиерката Ана Брнабиќ. На стручната јавност и е познато дека најголеми количества злато се наоѓаат во источна Србија и дека овој дел од земјата моментално се подложува на најинтензивно истражување. „Таму златото се наоѓа како придружна суровина во наоѓалиштата на бакар“, вели заменик-директорот на…

Read More

Шпанија ќе се приклучи на испораката на тенкови „Леопард“ за Киев, откако Германија, по неколкумесечен отпор, се согласи да го испорача овој моќен тенк од германско производство на украинската армија, пишува „Ел Паис“. Шпанската влада го врзува своето учество во операцијата за обезбедување на Украина со систем способен да се спротивстави на огнената моќ на современите руски тенкови со постоењето на претходен договор на европско ниво. Шпанската армија во својот арсенал има 347 тенкови „Леопард“. Минатото лето шпанскиот печат објави дека шпанската влада ја разгледува можноста за префрлање на 10 тенкови „Леопард“ во Украина. Сепак, во август шпанските власти соопштија…

Read More

Бугарија побара од земјите-членки на Европската Унија да изразат солидарност со Софија во врска со тензиите со Северна Македонија и наводниот притисок врз бугарската заедница. Министерот за надворешни работи Николај Милков, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. „Ги информирав колегите министри за тоа што се случи во Охрид, но во подолг контекст. Не се работи само за овој инцидент, се работи за тоа дека има ескалација на тензиите и ескалација на притисокот врз бугарската заедница таму. Започна со усвојување на законодавна репресија врз бугарската заедница и нејзиното право на здружување, што покажа, како што…

Read More

Германската влада денеска одобри испраќање на тенкови „Леопард 2“ во Украина, првично 14 од овие борбени возила, како и нивен реекспорт од земјите партнери, пренесува Билд. Целта е со овие тенкови брзо да се формираат два баталјони во Украина, а наскоро ќе започне обуката на украинските сили во Германија, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт. Во соопштението на владата во Берлин се прецизира дека во првата транша на Украина ќе и бидат испорачани 14 „Леопарди“ од германските воени резерви, пренесе Ројтерс. Германија ќе обезбеди и логистика и муниција, се вели во соопштението. Одлуката на Германија сега го отвора патот…

Read More

Властите во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг наредија петдневен карантин поради зголемување на случаите на неодредено респираторно заболување, објави јужнокорејскиот медиум NK News, цитирајќи владино соопштение. Во соопштението на севернокорејската влада не се споменува Ковид-19, но се вели дека жителите на главниот град се замолени да останат во своите домови до крајот на неделата и мора да достават податоци за температурата на телото неколку пати на ден, според NK News, кој ја надгледува Северна Кореја. NK News вчера објави дека жителите на Пјонгјанг складираат потребни продукти во очекување на построги мерки. Не е познато дали другите области во земјата…

Read More

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека САД разбираат оти Србија има свое историско искуство со санкциите, но, како што истакнува, почнала да плаќа превисока цена за воздржаноста во прашањето за санкциите против Русија. Хил, одговарајќи на новинарски прашања, колку е реално ЕУ да воведе санкции кон Србија доколку Србија не го прифати новиот европски предлог за решение на косовското прашање, рече дека не е во позиција да зборува за тие можни санкции, но дека ЕУ е сериозна во врска со санкциите против Русија во кои учествуваат сите иако не им е лесно. „Санкциите наметнати од ЕУ кон…

Read More