Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд го укина урбанистички план на одделни делови од општина Центар 

0
By Соња Крамарска on January 25, 2023 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
Фото: Академик
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2023 16:05

Уставниот суд денеска ја укина одлуката на Советот од 2014 година за Деталниот урбанистички план на скопската општина Центар.

„Судот оцени дека одлуката за ДУП на општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот“, изјави по денешната седница портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска .

Иницијативата до судот е потпишана од граѓанин кој живее на една од засегнатите локации. Судијата известител Осман Кадриу предложил да се отфрли иницијативата но не добил поддршка од мнозинството судии кои сметале дека сепак треба да се укине оспорениот ДУП а тој најавил издвоено мислење.

Согласно денешната одлука на Уставниот суд, општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник, вели портпаролката Христина Беловска.

Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби на подрачјето на Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Оние што во меѓувреме добиле дозвола за градење ќе можат да градат со оглед на тоа што одлуката на Уставен е укинувачка а не поништувачка. Ова е втор пат Уставниот суд да одлучува по слична иницијатива, и поранешниот градоначалник на општина Центар го оспори овој ДУП но поранешниот состав на уставни судии сметаат дека судот е ненадлежен.

 

 

 

 

ДУП Општина Центар Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.