Шпанија ќе се приклучи на испораката на тенкови „Леопард“ за Киев, откако Германија, по неколкумесечен отпор, се согласи да го испорача овој моќен тенк од германско производство на украинската армија, пишува „Ел Паис“.

Шпанската влада го врзува своето учество во операцијата за обезбедување на Украина со систем способен да се спротивстави на огнената моќ на современите руски тенкови со постоењето на претходен договор на европско ниво.

Шпанската армија во својот арсенал има 347 тенкови „Леопард“.

Минатото лето шпанскиот печат објави дека шпанската влада ја разгледува можноста за префрлање на 10 тенкови „Леопард“ во Украина. Сепак, во август шпанските власти соопштија дека борбените возила се во лоша состојба и дека засега не може да му бидат предадени на Киев.