Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„Претседателот Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот. Тој со своите изјави го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје“, изјави за БГНЕС Екатерина Захариева, поранешна шефица на бугарската дипломатија и актуелна претседателка на Комисијата за надворешна политика. „Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на Пендаровски. За жал, ова не е првпат тој да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи“, рече таа во изјавата. За сугестиите што Пендаровски ги даде во својот говор за прогласување на бугарските…
Министерството за правда на САД поднесе тужба против пребарувачот Гугл поради монопол на пазарот за онлајн рекламирање. „Гугл користеше антиконкурентни и незаконски методи за да ја елиминира или драстично да ја намали секоја закана за неговата доминација над технологиите што се користат за дигитално рекламирање“, се наведува во документот во кој имале увид некои светски агенции. Министерството и осум американски сојузни држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, бараат од судот да ја осуди калифорниската компанија поради кршење на законите за конкуренција, да и наложи да плати отштета и да ги запре активностите на монополското рекламирање преку интернет. Гугл веќе е…
Американската академија за филмски уметности и науки денеска ги објави номинираните за 95-тото доделување на Оскарите што ќе се одржи на 12 март на церемонија во Лос Анџелес. На кратката церемонија на објавување на номинациите, водителките Риз Ахмед и Алисон Вилијамс објавија дека за најдобар филм се натпреваруваат „Ништо ново на запад“, „Аватар: Патека на водата“, „Островот на духовите“, „Елвис“, „Сите во исто време“, „Островски духови“, „Фебелманс“, „Катран“, „Топ Ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“ и „Жените зборуваат. За најдобар режисер се номинирани Мартин Мекдона за „Островот на духовите“, Даниел Кван и Даниел Шајнерт за „Сите во исто време“, Стивен Спилберг…
За стимулирање на зголемена употреба на еколошки превозни средства, намален метеж во сообраќајот и намалено загадување на воздухот од употребата на моторни возила, Град Скопје достави до скопските општини препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди во рамки на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, како и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти. Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика во Берлин за побрза испорака на ново оружје за Украина, откако Полска официјално побара дозвола од Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Киев за поуспешна борба против руските сили. „Во овој клучен момент од војната, треба да испорачаме посилни и понапредни системи во Украина и тоа треба да го направиме побрзо“, рече Столтенберг по разговорите со новиот германски министер за одбрана Борис Писториус. Столтенберг рече дека разговарал со Писториус за испраќање напредни тенкови во Украина и додаде дека консултациите меѓу членките на НАТО ќе продолжат, изразувајќи уверување дека наскоро ќе се постигне…
Тенкот „Леопард 2“ важи за еден од најдобрите и најмодерни борбени тенкови во светот, а она што го прави супериорен е можноста да отвора оган во движење, дури и кога се движите наназад, објави денеска Дојче веле. Главното оружје на „Леопард 2“ е топ со т.н мазна цевка од 120 милиметри со максимален домет од 5.000 метри, достигнува брзина и до 70 километри на час, а користи економичен дизел мотор. Германскиот портал наведува дека способноста да се отвори оган во движење е она што го прави супериорен „Леопард 2“, како и другите модерни тенкови, како американскиот „Абрамс“ или францускиот „Леклер“.…
БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Во Белград и Приштина стигнаа јасни пораки – „Играта е завршена“. Деценискиот спор за Косово за кој сите знаеја дека мора да заврши со признавање на новата политичка реалност, настанат по пустошот кој зад себе го остави налудничавата политика на Милошевиќ, предолго беше храна со која се хранеше популизмот зад чија националистичка сценографија се сокри многу корупција и криминал на штета на оние за чиј наводни интереси се залагаа политичките структури без било каква визија за иднината на нивните граѓани. Казиното на Вучиќ, Курти и сите како нив, во кое главен влог се човечки судбини – заврши. На…
СОЊА КРАМАРСКА Амбасадорите на Германија и Франција во Србија, Анке Конрад и Пјер Кошар денеска истакнаа дека целта на француско-германскиот план за Косово е да се надмине конфликтот што трае со години во корист на регионот и населението, а дека не се зборува за казнени мерки или санкции во случај тоа да не биде прифатено. „Немаме казнен пристап кон Србија, не зборуваме за какви било санкции или уцени, ние само претставуваме еден начин за излез од оваа ситуација, кој сме сигурни дека ќе биде корисен за регионот и за народот“, изјави Кошар во заедничкото интервју со амбасадорот Конрад за…
Претседателката на Либерално-демократска партија и пратеничка Моника Зајкова денеска изјави дека на вчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, разговарале и за окрупнување на владиното мнозинство, а дали ќе дадат поддршка за тоа Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција, вели, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција. „За нас, се што значи движење на брзиот воз на Европската Унија и европска агенда, ние даваме поддршка, меѓутоа кога влегувате во една коалиција мора да знаеме кои ќе бидат програмските цели на таа коалиција, за што таа коалиција ќе се залага и која…
Белградскиот бизнис магазин „Неделник“ направи ранг листа на стоте најбогати луѓе во регионот, односно во земјите од екс-Југославија. Најголем дел од нив се деловни луѓе од Србија (46), потоа Хрватска со 27 претставници, Босна и Херцеговина со 12, Северна Македонија со седум и Црна Гора со шест мегабогаташи. На листата се наоѓаат само три жени од кои едната е од Хрватска, а две од Србија. Бисера Драгичевиќ од Хрватска е сопственичка на текстилната компанија НИРД и вкупната вредност на нејзината фирма е проценета на 658.207.992, а таа се наоѓа на 36.место, таа не е многу присутна во медиумите и речиси и да нема…
Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Дејвид Гир, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија. На состанокот е разговарано за актуелни прашања од значење за нашата држава, регионот и пошироко, во европски контекст. Заеднички е констатирано дека 2023 година е значајна за Северна Македонија во однос на напредокот по европскиот пат, поради што е неопходна и кохезија околу реализацијата на оваа државна стратешка цел. Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан кон ЕУ, каде што географски и припаѓа регионот и дека за ова постои свесност и во ЕУ и после 17…
Докторот Жан Митрев и клиничката болница „Жан Митрев“ испратија писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и клиниката. Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивно внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради како што се наведува во соопштението на болницата „досегашното површно иследување на постапката“. „Ви се обраќам со намера да ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење,…