Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестока офанзива на Франција и Германија врз Белград и Приштина, Вучиќ ја избра европската иднина, регионот пред историска пресвртница

0
By Соња Крамарска on January 24, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2023 13:42

СОЊА КРАМАРСКА

 

Амбасадорите на Германија и Франција во Србија, Анке Конрад и Пјер Кошар денеска истакнаа дека целта на француско-германскиот план за Косово е да се надмине конфликтот што трае со години во корист на регионот и населението, а дека не се зборува за казнени мерки или санкции во случај тоа да не биде прифатено.

„Немаме казнен пристап кон Србија, не зборуваме за какви било санкции или уцени, ние само претставуваме еден начин за излез од оваа ситуација, кој сме сигурни дека ќе биде корисен за регионот и за народот“, изјави Кошар во заедничкото интервју со амбасадорот Конрад за телевизија Прва.

Кошар рече дека се даваат предности и придобивки за народот доколку партиите се согласат да продолжат со тој предлог и дека во спротивно секако ќе има последици, но дека тоа не се санкции.

„Ние едноставно укажуваме на фактот дека тоа ќе биде изгубена можност за развој на регионот, изгубена можност за луѓето да имаат повеќе контакти со соседите, изгубена можност за Србија“, рече Кошар, кој нагласи дека тој и германскиот амбасадор не учествуваат во преговорите на меѓународните претставници и претставници на Србија и Косово.

Кошар посочи дека барањето за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина не е ништо ново, туку дека е важен елемент на патот на Србија кон ЕУ кој е актуелен од самиот почеток, подвлекувајќи дека не станува збор за „санкции или уцени“, туку за „поттик да се забрза патот кон решение“.

Францускиот амбасадор рече дека целта на предлогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е да се избегне повторување на кризите како што беше случај во последните недели.

„Сакаме српското малцинство во Косово да може да живее во мир, да има нормални односи со сите народи. Зборуваме за нормализација, се надеваме дека овој пат ќе им овозможи на Србија и на Косово да го забрзаат својот пат кон членство во ЕУ“, изјави Кошар.

За таканаречените црвени линии треба да одлучуваат двете страни, рече Конрад и ги поддржа напорите на српскиот претседател Александар Вучиќ да добие поширока поддршка за „одлуките што мора да се донесат“.

Таа изрази надеж дека Заедницата на српските општини (ЗСО) ќе биде формирана што поскоро на Косово.

Конрад и Кошар не можеа да кажат дали има редослед во постигнувањето договор, дали прво треба да се формира Заедницата на српски општини и дури потоа да се разговара за француско-германскиот предлог.

Кошар рече дека знае дека постои перцепција дека Франција е против проширувањето на ЕУ, но дека тоа е погрешно мислење и дека Франција и Германија инсистираат ЕУ да функционира подобро, но тоа не значи дека ќе го отежне проширувањето, туку напротив, дека ЕУ мора да биде поефикасна за побрзо да се носат одлуките за проширување.

„Претседателот Макрон рече дека сака Србија и Западен Балкан да бидат во ЕУ и во разумен рок, тоа е нешто на што работиме заедно со Германија и сите наши партнери од ЕУ, и се надеваме дека Србија исто така ќе се потруди да се забрза тој пат“, рече Кошар.

Францускиот амбасадор рече дека е свесен за перцепцијата за падот на поддршката од ЕУ во Србија, но дека е „малку шокиран“ од начинот на кој ЕУ се претставува како антисрпска.

„Важно е да разберете кои се вистинските пријатели на Србија, ние не бараме младите Срби да одат да се борат во варварска војна и да умрат таму“, рече тој.

Во меѓувреме, Дојче Веле повикувајќи се на германската новинска агенција ДПА, напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ нема да се противи Косово да стане членка на Обединетите Нации, што е де факто прифаќање на француско-германскиот предлог.

„Доколку изборот е да добиеме санкции- а што би била полоша санкција од повлекување на инвестициите- или од друга страна да прифатиме се што ќе значи членството на Косово во ОН, тогаш сум за патот на компромисот, колку и да е тој спорен“, изјави Вучиќ.

Србија вчера преживеа вистинска политичка драма кога Вучиќ понуди оставка но набргу ја повлече, наводно под притисок на соработниците и јавноста. Меѓутоа ситуацијата во неговата партија е далеку од смирена, пишуваат српските медиуми.

Во следните неколку недели ќе се одвиваат интензивни разговори кои можат да донесат значителни пресврти во регионот и неговите перспективи за членство во Европската Унија.

Александар Вучич Белград Германија Косово Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.