Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто „Леопард 2“ е супериорен: Отвора оган и во движење дури и кога оди во рикверц

0
By Соња Крамарска on January 24, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2023 14:50

Тенкот „Леопард 2“ важи за еден од најдобрите и најмодерни борбени тенкови во светот, а она што го прави супериорен е можноста да отвора оган во движење, дури и кога се движите наназад, објави денеска Дојче веле.

Главното оружје на „Леопард 2“ е топ со т.н мазна цевка од 120 милиметри со максимален домет од 5.000 метри, достигнува брзина и до 70 километри на час, а користи економичен дизел мотор.

Германскиот портал наведува дека способноста да се отвори оган во движење е она што го прави супериорен „Леопард 2“, како и другите модерни тенкови, како американскиот „Абрамс“ или францускиот „Леклер“.

„Тие тенкови можат да отворат оган дури и додека се движат со полна брзина. Руските тенкови, да речеме Т90, не можат да го направат тоа. Дополнително, „Леопардот“ е сигурен и лесен за одржување“, изјави директорот на германскиот музеј на тенкови, Ралф Реис.

На Украинците, кои до сега најмногу се потпираа на тенковите Т-72 од советската ера, им требаат тенкови „Леопард 2“ за да ги пробијат непријателските линии во статична рововска војна.

„Потребни ни се тенкови за да ја спасиме нашата енергетска инфраструктура, да ги спасиме Украинците од злосторството кое се изврува врз нив. Колку подолго се одолговлекува оваа одлука, толку повеќе луѓе ќе гинат поради недоволното количество оружје на украинската армија“, нагласи украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Освен Германија, „Леопард 2“ моментално го користат уште најмалку 14 земји во различни прилагодени варијанти, но не можат да ги предадат на Украина без дозвола на Германија, пренесува Дојче веле.

Германскиот министер за правда Марко Бушман наведува дека, како и со другите испораки на оружје, Германија нема автоматски да стане учесник во војната со испорака на борбени тенкови по секоја цена, според меѓународното право.

„Украина е во право, бидејќи води војна за самоодбрана. Според меѓународното право, на Германија и е дозволено да испорачува оружје на Украина. Тоа не не прави странка во војната, без разлика за какво оружје се работи“, рече Бушман.

Германскиот портал потсетува дека без разлика на испораките на оружје, западните сојузници на Украина постојано нагласуваат дека тие самите не се страни во војната, а конкретно членките на НАТО алијансата не се директно воено вклучени во конфликтот и сакаат тоа да биде така и понатаму.

„Леопард 2“ тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.