Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека би можел да го прифати француско-германскиот план за нормализација на односите со Косово. Западните преговарачи му дадоа избор- да го прифати планот или да ги трпи последиците од прекинот на преговорите за пристапување во ЕУ и повлекување на странските инвестиции, објасни тој самиот на прес-конференцијата која беше емитувана во живо на националната телевизија во понеделникот вечерта, пишува Дојче Веле. „Доколку изборот е да добиеме санкции- а што би била полоша санкција од повлекување на инвестициите- или од друга страна да прифатиме се што ќе значи членството на Косово во ОН, тогаш сум за патот на…
Пјер Антонио Панцери, наводниот организатор на скандалот Катаргејт, се очекува да и даде на белгиската правда нови имиња на пратеници на ЕУ од Германија, Франција и Италија, изјави во понеделникот адвокатот на затворената грчка европратеничка Ева Каили. „Доаѓаат пораки и вести дека тој ќе каже имиња на нови инволвирани пратеници во скандалот и тоа европратеници од Германија, Франција, Италија и Белгија“, изјави адвокатот Михалис Димитракопулос во интервју за ТВ каналот Контра. Панцери се договори со белгиската правда да проговори и да ги опише деталите за скандалот во замена за поблага казна. Панцери денес ќе сведочи за прв пат откако склучи…
Вооружен маж уби седум лица во американската сојузна држава Калифорнија во близина на Сан Франциско пред да биде уапсен, само два дена по нападот во кој загинаа 11 лица. Најновиот напад се случи на две одвоени локации во заливот Халф Мун, на околу 50 километри јужно од Сан Франциско, јавува Би-Би-Си. Според локалните медиуми, станува збор за два земјоделски имоти. Напаѓачот е идентификуван како Жао Чунли, локален жител со азиско потекло. Новиот напад се случи два дена по убиството на 11 лица во сала за танцување во паркот Монтереј, каде живее мнозинството од азиското малцинство, за време на прославата на…
Американската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави номинациите за престижните „Оскари“. „Оскарот“ е претставен со позлатена статуетка во облик на човек, изработена од британиум, со црна метална основа, а висока 34 сантиметри и тешка 3,85 килограми. Годинешното, 95-то доделување на наградите ќе се одржи на 12 март, во 24 категории. Свеченоста на прогласување на победниците е една од најпрестижните доделувања награди во светот на филмот. Филмот „КОДА“ на режисерот Шан Хедер беше минатогодишен добитник на главниот „Оскар“ за најдобар филм.
ЏАБИР ДЕРАЛА Не знам што повеќе шокира – леснотијата со која вмровците се впуштаат во операции за предизвикување насилство, страв и поделби во општеството или инфантилноста што ја манифестираат, мислејќи дека не се веќе одамна прочитани. Насилниот инцидент во Охрид, во кој настрада активист со бугарско „самочувствие“, по којзне кој пат, ја открива „доктрината“ на вмровците – редовно да посегнуваат по насилството како средство за политичка „комуникација“. Што, всушност, се случи? И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро. Јадат ќотек, ако треба и од своите, само за да наштетат на процесите. Важно е да се врти парата, би рекле…
Јасминка Џумхур од независната меѓународна истражна комисија за Украина формирана од Обединетите нации изјави дека Комисијата регистрирала одреден број злосторства врз деца убиени со огнено оружје, но и случаи на сексуална злоупотреба и повреди на деца. „Одредени информации укажуваат на префрлање деца од територијата на Украина на територија на Русија, каде што се уште се наоѓаат, а се поставува и прашањето околу враќањето на тие деца. Во голем број од тие случаи биолошките родители се наоѓаат на територијата на Украина“, вели Џумхур во интервју за „Радио Слободна Европа“. Таа повтори дека на територијата на Украина се извршени воени злосторства, прекршени…
На бугарската Воено-медицинска академија денес беше извршена операција на Христијан Пендиков за стабилизирање на долната вилица, јави БГНЕС. Интервенцијата ја извршил тим специјалисти од одделот „Орална хирургија“ на Академијата на медицински науки. Состојбата на пациентот е стабилна, без животна опасност. Христијан Пендиков останува на лекување и опсервација во болница, соопшти бугарската ВМА. Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, со бугарскиот владин авион „Фалкон“ беше пренесен на лекување во Софија, по инцидентот што се случи во Охрид во кој се здоби со повреди.
Канцеларијата на Владата на Србија за Косово денеска соопшти дека припадници на специјалната косовска полиција пукале во возило на мостот Бистрица на автопатот Митровица – Лепосавиќ, при што е повредено едно лице, за кое Канцеларијата соопшти дека е од српска националност, додека полицијата го потврди инцидентот, наведувајќи дека возилото удрило во полициски пункт. „Милјан Д. е ранет, додека неговиот совозач Душан С. за среќа побегнал без повреди, додека целиот автомобил бил изрешетан“, соопшти Канцеларијата, обвинувајќи ја косовската полиција за напад на Србија. Според она што го соопшти, пак, косовската полиција, тие се обиделе да легитимираат возило кое не застанало, туку…
Германија сигнализира промена на ветото за тенковите „Леопард“ за Украина. Германија нема да застане на патот доколку Полска сака да ги испрати своите тенкови „Леопард 2“ во Украина, рече германскиот министер за надворешни работи, сигнализирајќи можен пробив за Украина додека се обидува да ги зајакне своите сили пред очекуваната нова руска офанзива. Единаесет месеци откако Русија го нападна нејзиниот јужен сосед, борбите се насочени во градот Бахмут на истокот на Украина, каде што руските платеници Вагнер и украинските сили се заглавени во битка. Украинските власти со месеци ги повикуваат западните сојузници да им достават модерни тенкови „Леопард“ од германско производство,…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113,3. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18,7%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,5%) и административни и помошни…
Бугарија го повика својот амбасадор во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, на консултации во Софија. Причината за неговото привремено враќање во Бугарија, како што јавува БГНЕС повикувајќи се на бугарското МНР, е „сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ – Битола во јуни 2022 година, трите напади на зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија,…
Педесет и два отсто белгиски граѓани се изјаснуваат за авторитарно владеење и отфрлање на демократските институции, покажуваат податоците од социолошката студија претставена во локалните медиуми, пренесе БТА. Меѓу ова мнозинство, 89 отсто поддржуваат враќање на смртната казна. Се прецизира дека уделот на оние кои поддржуваат промена на структурата на државата расте од 52 отсто пред пандемијата, до 66,2 отсто во јули минатата година. Во исто време, уделот на граѓаните кои сакаат „отворено општество“ со вистинска демократска влада се намалува за еден процент (на 21,9 проценти). На крајот на минатата година медиумите презентираа истражување, според кое во северниот белгиски регион Фландрија,…