На бугарската Воено-медицинска академија денес беше извршена операција на Христијан Пендиков за стабилизирање на долната вилица, јави БГНЕС. Интервенцијата ја извршил тим специјалисти од одделот „Орална хирургија“ на Академијата на медицински науки.

Состојбата на пациентот е стабилна, без животна опасност. Христијан Пендиков останува на лекување и опсервација во болница, соопшти бугарската ВМА.

Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, со бугарскиот владин авион „Фалкон“ беше пренесен на лекување во Софија, по инцидентот што се случи во Охрид во кој се здоби со повреди.