Author: Соња Крамарска

Американскиот рок-ветеран Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст. Причината за смртта сѐ уште не е соопштена. Неговата сопруга ја потврди веста за американските медиуми. „Дејвид почина по долго боледување, опкружен со своето семејство. Неговото наследство ќе живее преку неговата музика“, се вели во соопштението. Рок-пејачот, гитарист и текстописец беше дел од составите „Брдс и Крозби“ и „Стилс и Неш“. Кариерата ја започна 1964 година, како член на „Брдс“, позната по преработката на хитот на Боб Дилан – „Tambourine Man“. Крозби двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

Read More

Мајкрософт укинува 10.000 работни места, што е речиси 5 посто од својата работна сила, како одговор на „макроекономските услови и менувањето на приоритетите на клиентите“. Компанијата соопшти  дека штотуку ги известила вработените за отпуштањата, од кои некои стапуваат на сила веднаш. Компанијата соопшти дека исто така ќе прави промени во своето хардверско портфолио и ќе ги консолидира своите изнајмени канцеларии. Отпуштањата претставуваат „помалку од 5 проценти од нашата вкупна база на вработени, а од денес почнуваме и со известувањето“, беше соопштено. „Иако ги елиминираме улогите во некои области, ќе продолжиме да вработуваме во клучните стратешки области“, велат од компанијата. Глобалниот…

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал рече дека е „психички уништен“, стравувајќи од ново долго отсуство од теренот, откако се повреди при денешниот пораз од американецот Мекензи Мекдоналд во 2. коло на грен – слем турнирот Австралија опен на кој не успеа да ја одбрани титулата. „Не можам да лажам дека животот е фантастичен, дека мора да останете позитивен и да продолжите да се борите. Не сега. Утре е нов ден, но тешко е. Во прашање е повреда. Морам да признам дека психички сум уништен. Се надевам дека не е премногу сериозно. Последните три недели беа прилично позитивни и се надевам дека…

Read More

Програмскиот колегиум на Македонскиот културен центар или популарен МКЦ од Скопје пред малку издаде соопштение по повод потресите кои се случија од вчера со смената на директорот и именувањето на нов од страна на градските власти на Скопје. „Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста“, се вели во соопштението. Се појаснува и дека вчера во попладневните часови постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат „продолжил во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ“, бил сменет…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече хеликоптерската несреќа во Бровари близу Киев „страшна трагедија“. Зеленски потврди дека во несреќата загинале министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, првиот заменик министер Евгениј Јенин и државниот секретар Јуриј Лубковичис. Тој рече дека им наредил на украинските безбедносни служби „да ги откријат сите околности“ на инцидентот. Претставниците на Министерството за внатрешни работи беа „вистински патриоти на Украина“, рече тој. „Нека почиваат во мир! Нека почиваат во мир сите оние чии животи беа одземени во ова темно утро“, додаде претседателот на Украина, Зеленски.

Read More

„Процесот на преговорите со ЕУ, Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно. Го мобилизираме најдоброто од нашето општество за да им го обезбедиме најдоброто на граѓаните. Затоа ги вклучуваме експертите, искусните, подготвените капацитети од граѓанскиот сектор, од академската заедница, од медиумите“, изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција. Тој додаде дека очекува медиумите да ја имаат клучната улога во зајакнувањето на јавната свест и обезбедување на континуирана поддршка за евроинтеграцијата, преку обезбедување точни и навремени информации, како еден од начините да се спротивставиме на сите лажни вести и дезинформации. „Јасно треба да ни биде дека пред…

Read More

„Ова е историски процес кој секоја држава го поминува само еднаш. Нашето законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ и тоа над 45 отсто. Северна Македонија, според бенчмарк анализите, е понапредна во одредени поглавја, од земји кои 10-тина години преговараат со ЕУ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција за скрининг процесот и преговорите со ЕУ. Тој кажа дека досега е завршен билатералниот скрининг, каде што ние пред експертите од Европската комисија, презентираме и објаснуваме до каде сме во усогласувањето со европското законодавство и како тоа функционира во пракса за кластерот 1, „Фундаментални вредности“, а следната недела започнуваме со билатералниот скрининг…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за истражна постапка против 46-годишен осомничен за убиство. На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, таткото извршил семејно насилство и се обидел да го убие сопствениот син. По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, таткото зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на својот син во пределот на стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во намерата да го изврши убиството го спречил сведок, кој му помогнал на повреденото момче и го пренел во болница.…

Read More

Украинските власти потврдија пад на хеликоптер во близина на градинка во Бровари, град недалеку од главниот град Киев. Во несреќата загинаа 18 лица, јавува Би-Би-Си. Како што јави Би-Би-Си, меѓу најмалку 18 загинати се највисоките функционери на МВР – министерот, неговиот заменик и државниот секретар. „Во моментот на оваа трагедија во градинката имало деца и персонал. Сега сите се евакуирани. Има жртви“, напиша на Телеграм гувернерот на Киевската област Олексеј Кулеба. Засега не е јасно што ја предизвикало падот на хеликоптерот. Службите за итни случаи излегоа на местото на настанот, изјави Кирило Тимошенко, заменик началник на кабинетот на претседателот на Украина. Мештаните слушнале експлозија во градот, а потоа…

Read More

Социјалната мрежа Твитер стави на онлајн аукција стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, пишува денеска Би-Би-Си. Статуата на познатото лого на платформата е понудена на продажба по цена од 11.000 долари, украсна жардињера во облик на симболот „@“ по цена од 4.300 долари, а масичките за кафе Херман Милер се продаваат за околу 2.000 долари. Твитер исто така продава опрема за печатење, па дури и комплети мали фиоки – моментално во продажба за 60 долари. Продажбата доаѓа откако новиот сопственик Илон Маск го намалува Твитер откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари минатата година. Откако ја презеде…

Read More

Белата куќа синоќа соопшти дека ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата во невладиниот тинк-тенк на претседателот Џо Бајден. Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градот Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш биле предадени на Министерството за правда. Соработниците на претседателот претходно пронајдоа нов куп доверливи документи во неговата резиденција и во тинк-тенкот во Вашингтон каде што имаше канцеларија додека беше потпретседател во администрацијата…

Read More

По речиси 30 години бегство, Матео Месина Денаро, човекот означен како шеф на најозлогласената мафија во светот – Коза Ностра, беше уапсен во Палермо. Тој беше обвинет за некои од најмонструозните злосторства, поради што го доби прекарот „Дијаболик“. Не го почитуваше кодот, не ги избираше своите жртви, убиваше и деца и трудници, поради што ќе остане запаметен во историјата по овие 10 најсурови убиства. Тој беше уапсен во приватна клиника во Палермо. Веста за неговото апсење ги израдува и оние кои „имаат одредени симпатии“ кон криминалните активности. Причината за тоа е што „Дијаболик“ немал никакво симпатии кон никого, ниту пак…

Read More