Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Европските земји продолжуваат да црпат гориво од подземното складирање на природен гас (GNG) со минимални стапки, а производството на енергија од ветер во регионот надминува 30% од вкупното, достигнувајќи едно од највисоките нивоа од 2022 година, покажуваат податоците од Gas Infrastructure Europe и Европската асоцијација за енергија од ветер. Утрото на 8 јануари, складирањето на гас во Европа беше исполнето за 83,18%, што е за 0,01 процентен поен помалку од претходниот ден, според веб-страницата Gas Infrastructure Europe. Вкупното количество гас во складиштето во регионот е речиси 90,5 милијарди кубни метри, додека на почетокот на јануари минатата година беше за околу…
Гувернерот на Федералниот округ на Бразил, Ибањез Роша, е привремено сменет од функцијата од страна на Врховниот федерален суд на земјата, објави весникот Глобо, повикувајќи се на судска наредба. Гувернерот е суспендиран на „најмалку 90 дена“ поради „злонамерно непостапување“. „Ништо не може да го оправда недејствувањето и толеранцијата на шефот на службата за јавна безбедност и гувернерот на федералниот округ кон криминалците кои претходно ја објавија својата намера да извршат насилни дејствија против властите“, се вели во одлуката. Судот, исто така, нареди дека камповите во близина на воените бази поставени од поддржувачите на Болсонаро кои повикуваат на државен удар мора…
Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима. Кракен иако е многу заразен, според експертите всушност е „роднина“ на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник. На здравствените…
Белгискиот институт за јавно здравје (Sciensano) денеска прогласи епидемија на грип – погодени се сите возрасни групи, но најмногу децата и младите. Високиот совет за здравство препорача вакцинација против грип, главно за ризични лица, возрасни над 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или оние кои престојуваат во институции, и медицински персонал. Според статистиката на Институтот, стапката на заболени од грип веќе ги надминала максимумите постигнати во претходните три зими. Сегашната епидемија на грип е придружена со циркулација на многу други респираторни заболувања, предизвикани од вирусот Ковид-19 или бронхитис. И бројот на случаи со Ковид – 19 исто така…
Цената на природниот гас на берзите падна на 73 евра за мегават час. Оваа цена е пониска и од цената по која гасот се продаваше и пред војната во Украина. Северна Македонија пак за јануари преку јавен оглас набави гас по цена од 115,9 евра, но и покрај бројните коментари дел од експертите велат дека кога е криза со енергенси најчесто се одбира понуда која е стабилна и сигурна, особено во најкритичниот месец во годината, но и со земја како Бугарија која склучи договор со Турција која станува голем регионален центар за складирање и испорака на природен гас. Сепак како…
Пациентите, главно постари луѓе, лежат на носилки во ходниците или се со маски за кислород додека седат во инвалидски колички бидејќи појавата на Ковид-19 ги намали ресурсите на јавните здравствени установи во главниот град на Кина, Пекинг, јави Асошиејтед Прес. Болницата Чуијанглиу на истокот на градот денес е преполна со новопристигнати пациенти. До пладне веќе снемало слободни кревети, а Брза помош постојано носи нови заболени пациенти. Лекарите се фокусираат само на најтешките случаи бидејќи не можат да стигнат да ги прегледаат и третираат сите. Новион бран на заразени се случи откако Кина ги укина пандемиските мерки кои беа на сила…
Хакерската група „Анонимуси“ му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ да ги очекува, тврдејќи дека ја срушиле веб-страницата на Вооружените сили на Србија, јави телевизијата Ал Џезира. Во низа твитови порачаа дека ова е само почеток и дека наскоро јавноста и Вучиќ ќе бидат сведоци на „вонредни изненадувања во нивно име“. Реакцијата на оваа хакерска група дојде откако српскиот претседател објави фотографија на Инстаграм како си игра со кучиња, со порака: „Се подготвуваме да се бориме против Анонимуси“. „Бидејќи сте подготвени да не предизвикате, ние ќе ви ја исполниме желбата. Ова е само почеток, наскоро ќе бидете сведоци на несекојдневни…
Грчката управа за безбедност и приватност на комуникациите (АДАЕ) одлучи да ги провери досиејата на телекомуникациските провајдери за барањата за надзор што ги упатуваат грчките тајни служби. Одлуката беше донесена по извештајот на EURACTIV кој ја потресе политичката сцена на Грција откако дополнително беше откриено дека и друг политичар и новинар биле под надзор, со што се прошири листата на прислушувани политичари, новинари и други јавни личности. Грчкото тело за заштита на приватноста ќе формира специјален тим за проверка на евиденцијата на сите телекомуникациски компании за да види дали грчките тајни служби побарале откажување од доверливоста на телефонските повици за…
Бројот на Украинци кои заминале во европските земји од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина достигна 7.915.287 луѓе, според податоците на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Во ажурираното известување од Средата, 4 јануари, стои дека од 24 февруари повеќе од 17 милиони луѓе ја напуштиле Украина во европските земји, а повеќе од 9,1 милиони луѓе се вратиле во Украина. Според податоците на УНХЦР, мнозинството Украинци – 8,6 милиони – ја преминале полската граница, од кои 1,5 милиони официјално се регистрирани во земјата, а 6,5 милиони веќе се вратиле во Украина. Покрај тоа, 739.000 Украинци заминале…
Првата вакцина за пчели во светот е одобрена за употреба од страна на американската влада, што ги зголемува надежите за ново оружје против болестите кои редовно ги пустошат колониите пчели. Американското Министерство за земјоделство (USDA) издаде лиценца за вакцина создадена од Dalan Animal Health, американска биотехнолошка компанија, за да ги заштити пчелите од гниење, пишува Гардијан. „Нашата вакцина е пробив во заштитата на пчелите“, рече Анет Клесер, извршен директор на Dalan Animal Health. „Подготвени сме да го промениме начинот на кој се грижиме за инсектите, што ќе влијае на производството на храна ширум светот. Вакцината, која првично ќе биде достапна…
Новинарот, медиумски аналитичар и еден од основачите на продукциската група „Мрежа“ Владан Радосављевиќ трагично загина, а неговата сопруга Олга е тешко повредена откако биле нападнати од кучиња на Космај, јави РТС. Владан Радосављевиќ бил искасан од глутница кучиња во близина на неговата викендичка на Космај, а неговата сопруга Олга, која ја повикал на помош, била тешко повредена и пренесена во болница. Тие поминувале покрај една куќа кога кучињата излегле од куќата и ги нападнале. Министерството за внатрешни работи, без да соопшти повеќе детали, потврди дека во нападот на Космај настрадал 62-годишен маж, а дека неговата сопруга е тешко повредена и…
Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип. Новата инвестиција ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Деспотовски најавува дека деталите за американската инвестиција ќе бидат соопштени за десетина дена, и од менаџментот на компанијата и од Владата. „Секако, не застануваме тука. Веќе година дена работиме на преговори со американско – тајванска компанија, каде во конкуренцијата се соседна Србија, но и Кина. Очекувам дека за…