Првата вакцина за пчели во светот е одобрена за употреба од страна на американската влада, што ги зголемува надежите за ново оружје против болестите кои редовно ги пустошат колониите пчели.

Американското Министерство за земјоделство (USDA) издаде лиценца за вакцина создадена од Dalan Animal Health, американска биотехнолошка компанија, за да ги заштити пчелите од гниење, пишува Гардијан.

„Нашата вакцина е пробив во заштитата на пчелите“, рече Анет Клесер, извршен директор на Dalan Animal Health. „Подготвени сме да го промениме начинот на кој се грижиме за инсектите, што ќе влијае на производството на храна ширум светот.

Вакцината, која првично ќе биде достапна за комерцијалните пчелари, има за цел да го спречи гниењето, сериозна болест предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae која може да ги ослаби и убие ларвите на пчелите. Засега нема лек за болеста, која во некои делови на САД е пронајдена во четвртина од пчелите. Ова бара пчеларите да ги уништат и изгорат сите заразени колонии и да администрираат антибиотици за да спречат понатамошно ширење.

„Тоа е нешто што пчеларите лесно можат да го препознаат бидејќи ларвите ги претвора во кафеава лига со лош мирис“, вели Кит Делаплан, ентомолог од Универзитетот во Џорџија, кој е коавтор на развојот на вакцината.

Вакцината делува така што вклучува дел од бактериите во матичниот млеч со кој што пчелите работнички ја хранат матицата, која потоа го внесува и добива дел од вакцината во нејзините јајници. Пчелни ларви потоа добиваат имунитет против гниењето со што ќе се намали смртноста од болеста.

Болеста со гниењето најпрво сџе појави во Соединетите Држави и оттогаш се шири низ целиот свет. Бидејќи пчелите се комерцијализираат, транспортираат и се користат во земјоделството, тие се изложени на различни болести кои обично бришат голем број пчелни колонии и бараат сериозна интервенција од пчеларите за да се одржи нивниот број.

Соединетите држави се невообичаено зависни од култивирање пчелни колонии кои им помагаат во опрашувањето на прехранбените култури. Тоа е затоа што многу видови диви пчели се во опасно опаѓање поради загубата на живеалиштата, употребата на пестициди и климатската криза, поттикнувајќи ги стравувањата од глобална криза во бројот на инсекти, загрозувајќи ги екосистемите и безбедноста на храната и здравјето на луѓето.