Author: Соња Крамарска

Бразилската фудбалска легенда Пеле почина вчера на 82-годишна возраст. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле го дели врвот на листата на стрелци на сите времиња за Селесао со 77 голови. Тој е единствениот трикратен светски шампион и беше прогласен за играч на векот во 2000 година. Поранешниот напаѓач на Сантос беше хоспитализиран на 29 ноември по компликации од рак на дебелото црево. Болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло на 28 декември соопшти дека неговиот рак напредувал и дека му е потребна грижа за срцева и бубрежна инсуфициенција. Стравувањата за здравјето на Пеле се зголемија кога се појавија информации…

Read More

Во моментов на територијата на Бугарија има над 20 товарни возови кои чекаат да тргнат кон Србија, но железничката врска е прекината поради несреќата во Пирот, изјави за БНТ заменик-министерот за транспорт на Бугарија, Красимир Папукчијски. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Папукчијски, во моментов преку мостот Дунав не можат да се пренасочуваат повеќе од два до четири возови дневно, а оттаму преку Романија кон другите делови на Европа, поради промената на меѓународните железнички коридори и снабдување на Украина со потребните материјали за тоа. Поради ова, Бугарија во моментов воведе рестрикции за возовите кои доаѓаат од Турција…

Read More

Состојбата на зголемена борбена готовност во вооружените сили на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово. Тогаш Вучиќ како врховен командант на српските вооружени сили нареди војската и сите единици на МВР да бидат на највисоко ниво на борбена готовност. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази „голема благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Србите од Косово и Метохија“ што, како што наведе, „нашле сила да одговорат на бруталниот терор и агресија со речиси безгранично…

Read More

Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година,  Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ Зоран Заев  доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на Северна Македонија. По неполни два месеца, ова е второ „спортско“ признание кое го добива директорот на нашата фондација, откако на Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа – „Спортот за државата, државата за спортот“ доби плакета за посебен придонес во  афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството.…

Read More

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дефинирани како „производител“ дека од 1 јануари 2023 година стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овој закон важи за производителите на текстил, гуми, масла и возила, заедно со нивните вградени делови и материјали, како и вградените резервни и заменски делови, независно дали се вградуваат во возилото при техничка проверка, сервисирање или поправка, дали деловите се обезбедени од оригиналниот производител или од некој друг производител, како и употребувани производи и отпад од текстил, гуми, масла и возила.…

Read More

Се започна со депортацијата на тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ од Австралија, а заврши со тоа што Лионел Меси ја крена светската титула со Аргентина во Катар. Еве 10 од спортските приказни во 2022 година според АФП Спорт: Депортацијата на Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ отпатува во Мелбурн во јануари со надеж дека ќе ја освои 10-тата титула на Австралија опен. Сепак, визата на невакцинираниот Србин беше откажана и тој беше задржан во хотел со имигранти, пред на крајот да биде депортиран поради „здравје и ред“. На Ѓоковиќ, исто така, му беше забрането да патува во САД, што го спречи да се натпреварува…

Read More

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната. Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, се земени шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата. Кујната ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста…

Read More

Четири опозициски политички партии и невладини организации денеска доставија до претседателката на градското собрание на Нови Сад, Јелена Маринковиќ Радомировиќ, барање за одземање на титулата почесен граѓанин на Нови Сад од претседателот на Русија, Владимир Путин, што тој ја доби во 2008 година, на предлог на Српската радикална партија, која тогаш беше власт во главниот град на Војводина, јавува агенцијата Бета. Народната претставничка на Движењето на слободни граѓани, Ана Орег, оцени дека Путин „негува и финансира се што е антиевропско“ во Србија, од луѓето до вредностите, а неговата цел е да предизвика нестабилност во Србија, и нејзино поткусурување во меѓународните…

Read More

Во центарот на српската престолнина, во државниот Правен факултет во Белград, беше отворена „научна изложба“ која има за цел да го открие бугарскиот геноцид врз Србите, бугарските воени злосторства, како и бугарските масакри врз Србите во Македонија, јави дописникот на БГНЕС од српската престолнина. „Изложбата“ открива и за десетици илјади убиени и 60.000 депортирани од бугарските Срби, опиша репортерот на БГНЕС. Ставајќи го зборот изложба во наводници кои значат оградување од неговото значење и кредибилност, бугарските новинари известуваат дека изложбата е отворена вчера и е насловена како „Бугарските воени злосторства во окупирана Србија 1915-1918 година“. На презентацијата говор имал директорот…

Read More

Намалување има и на цената за малите потрошувачи, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Цената на електрична енергија кај домаќинствата за прв блок се намалува за 4,11 проценти, за втор блок за 2,95 проценти, на третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85 проценти, а за четвртиот се зголемува за 7,65 проценти. Во новата цена на струјата од 1 јануари е пресметано и зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 проценти. „За да не се почувствува ефектот од зголемувањето на ДДВ, ги намаливме цените во првиот и вториот блок“, рече Бислимоски, информирајќи дека…

Read More

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик. На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби. Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети. По преземени мерки и активности, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово…

Read More

Град Скопје го донесе буџетот за 2023 година. За него вчера расправаа советниците во Град Скопје, а беа поднесени и поголем број амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. „Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје. Оттаму посочуваат дека во…

Read More