Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покрената постапка да му се одзеде на Путин титулата почесен граѓанин на Нови Сад

0
By Соња Крамарска on December 28, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 28, 2022 15:59

Четири опозициски политички партии и невладини организации денеска доставија до претседателката на градското собрание на Нови Сад, Јелена Маринковиќ Радомировиќ, барање за одземање на титулата почесен граѓанин на Нови Сад од претседателот на Русија, Владимир Путин, што тој ја доби во 2008 година, на предлог на Српската радикална партија, која тогаш беше власт во главниот град на Војводина, јавува агенцијата Бета.

Народната претставничка на Движењето на слободни граѓани, Ана Орег, оцени дека Путин „негува и финансира се што е антиевропско“ во Србија, од луѓето до вредностите, а неговата цел е да предизвика нестабилност во Србија, и нејзино поткусурување во меѓународните односи.

„Владимир Путин е некој кој е диктатор и агресор, и неприфатливо е тој да е почесен граѓанин на Нови Сад. Срамота е Путин да му подарува новогодишна елка на Белград додека во исто време и дава на Украина уништени домови, семејства. и градовите“, изјави Ана Орег за новинарите.

„Во ова време нашите животи поминуваат во мизерија и фактот дека сме една од најсиромашните земји во Европа. Тој е директно одговорен за убиствата на цивили, за окупацијата на Украина, за уништената инфраструктура и таков човек не може да биде почесен граѓанин на ниту еден демократски град, каков што би требало да биде Нови Сад“, заклучи пратеничката Ана Орег.

Претседателот на Здружението Прогресивна Војводина (АПВ) Александар Јовановиќ изјави дека Путин симболизира диктатура и страдање.

„Нема многу градови во светот кои имаат гулаб кој носи маслиново гранче на својот грб, како што има Нови Сад. Тоа е симбол на слободата и мирот. Владимир Путин го симболизира спротивното од тоа. Тој стана свет симбол на омраза, презир, војна, агресија и диктатура. Сметаме дека е навредливо за Нови Сад и Србија тоа што човек како него е почесен граѓанин и тоа треба да му се одземе. Нови Сад никако не го заслужи тоа“ изјави Јовановиќ.

Тој оцени дека Нови Сад ќе доживее историски срам доколку на Путин не му се одземе титулата почесен граѓанин.

„Заради тоа ќе ги оставиме нашите деца со срам. Тоа ќе биде неизбришлив белег на нешто што не требаше да се случи“, рече Јовановиќ.

Станислав Суслов од Слободарскиот сојуз на слободна Србија – Групата Октобар изјави дека „воен злосторник“ како Путин не смее да биде почесен граѓанин на Нови Сад.

„Како некој кој е роден во Русија, како некој што живеел таму 45 години, за мене е страшно што Русија ја нападна Украина. Ве молам, граѓани на Нови Сад, лошо е за вашиот град што овој криминалец има статус на почесен граѓанин“, рече Суслов.

Барањето беше потпишано и од Руското демократско друштво.

Нови Сад Почесен граѓанин Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.