Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 1 јануари построго – веќе нема расфрлање отпад кому како ќе му текне

0
By Соња Крамарска on December 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 29, 2022 14:11

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дефинирани како „производител“ дека од 1 јануари 2023 година стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овој закон важи за производителите на текстил, гуми, масла и возила, заедно со нивните вградени делови и материјали, како и вградените резервни и заменски делови, независно дали се вградуваат во возилото при техничка проверка, сервисирање или поправка, дали деловите се обезбедени од оригиналниот производител или од некој друг производител, како и употребувани производи и отпад од текстил, гуми, масла и возила.

Со тоа,  обврска на производителите е да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) со пополнување на обрасците за регистрација (на македонски јазик и двојазично, МК и АЛБ, на следниот линк: www.moepp.gov.mk

Производителите согласно со обврските од овој Закон, се должни да се здружат преку основање и/или склучување на договор со колективен постапувач или да обезбедат дозвола за самостојни постапувачи најдоцна до 31 декември 2023 година.

Во Законот за управување со дополнителни посебни текови на отпад е вклучено секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на којшто врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите, и тоа правни и физички лица кои што произведуваат производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезуваат и прв пат ги пуштаат на пазарот или како краен корисник, за свои потреби, увезуваат производи или на професионална основа увезуваат употребувани производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Македонија.

Овој закон се однесува и за правните лица основани во друга земја, а кои што продаваат со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во нашата држава.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дека за „производител“ се смета и правно лице кое работи со отпадни гуми и ги пушта на пазарот во Северна Македонија.

 

Министерство за животна средина и просторно планирање нов закон отпад Производител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.