Author: Соња Трајковска

За денеска се закажани завршните зборови на обвинителите од СЈО и од одбраната во случајот за уништување на 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите, во случајот познат како Тврдина 2. Откако беше одбиено барањето на одбраната на првообвинетиот во „Тврдина 2“, екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски да биде одложено судењето поради процесот на екстрадиција, судијката Лидија Петровска го одби и барањето на одбраната за проширување на доказната постапка. Доказната постапка во случајот Тврдина 2 која заврши минатата недела, се одвиваше околу час и половина без присуство на јавноста, поради…

Read More