Author: Соња Петрушевска

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и на БЕСА  ги надгласаа пратениците на СДСМ и на ДУИ во комисијата за избори и именувања со која претседава Илија Димовски, а на која треба да се расправа за Програмскиот совет на МТВ и за избор на членови на Агенцијата за медиуми. Пратениците од владеачкото мнозинство побараа да се расправа само за овие две точки ( тие се ставени последни на дневниот ред) а за останатите 14 расправата да се одложи за по одморите.

Read More

Новинарите со кои разговараше НОВА, добрата намера ја гледаат во иницијативата да се менуваат работите откако последниве години многу нешта излегуваат од контрола, но посочуваат дека Владата може да се бори со лажните вести на многу едноставен начин: да го почитува до крај Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да им наложи на портпаролите да бидат поотворени и покооперативни со новинарите и се откаже од соработката со квази-новинари и пара-медиуми, со што индиректно се поттикнуваат лажните вести

Read More

На 9 ноември лани, додека полицијата го бараше Груевски во својот дом за да ја отслужи затворската казна за „Тенк“, Специјалното јавно обвинителство објави дека отвора нова истрага под кодното име „Империја“. Вниманието на јавноста која беше фокусирана на тоа каде е Груевски, експресно се пренасочи кон новата истрага на СЈО во која обвинителството се сомневаше на криминал тежок 10 милиони евра. Во „Империја“ беа осомничени  контроверзниот бизнисмен Јордан Орце Камчев, екс шефот на тајната служба УБК Сашо Мијалков, управителот на фирмите на Камчев -Ненад Јосифовиќ, сопственикот на Пелистерка- Цветан Панделески, мајката на Орце Камчев- Ратка Куноска Камчева,  сестрата на…

Read More

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поденсе оставка – која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение. Во оставката се наведува дека се повлекува од шеф на СЈО за да не биде „нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на СЈО и европските интеграции“. „Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескопромисната борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.…

Read More

За една година до Советот на јавни обвинители стигнале повеќе од 200 претставки од граѓани кои биле незадоволни од работата на обвинителите. Оштетените граѓани или правни лица барале од Советот да реагира и да преземе конкретни дејства против обвинители кои воопшто не постапувале по пријавите кои ги поднесувале, а дел од предметите и застареле. Но и покрај зголемениот број на претставки (во 2017 биле поднесени 166 претставки, а во 2018 -201)  Советот соопшти дека „биле разгледани сите преставки, но не било утврдено прекршување на законите“. „Во текот  на проверките на наводите во претставките, воочени се пропуштања во постапувањата на  јавните…

Read More

Последните настани во  судството со ослободување на браќата Павловиќ, одложувањето на затворската казна за Јанкуловска но и најавите дека се бара начин како судиите да се спасат од разрешувања ги урнаа очекувањата на граѓаните за праведно општество, судејќи според реакциите и критиките, особено низ социјалните медиуми. Сето ова се случува во време кога  СЈО е блокирано, истрагите запрени, а новите законски решенија за правосудството од кои се очекуваа реформи останаа на хартија. Остсутвото на храбри решенија во оваа сфера комплетно ги девастираше очекувањата на граѓаните за правда – коментираат експерти со кои зборуваше НОВА. Треба да се рестартира целиот систем…

Read More

Кривичниот суд ја одбил молбата од Сеад Кочан за одлагање на извршувањето на санкцијата. „Молбата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“ рекоа од Судот. Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за Сеад Кочан, според кој тој на 17 јули треба да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, соопштија од Судот. Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 8 месеци откако Апелација во март годинава…

Read More

Антикорупциската комисија по допрен глас ќе отвори постапка за предмет за Генералниот секретар Драги Рашковски и неговата евентуална вмешаност во изборот на фирма која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродром, дознава НОВА. Случајот се отвора откако во јавноста се објави аудио снимката на која се слуша како Рашковски наводно договора реализација на тендерот кој го добила италијанската фирма „Леонардо“. Според информациите на НОВА, Антикорупциската комисија ќе проверува дали Рашковски навистина имал добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот и дали е законски да преговара со претставнции на италијанската компанија, но и за обвинувањата од опозицијата дека…

Read More

Тендерот и изборот на фирмата за изградба на АТМ системот за модернизација на македонската воздухополовна навигација се спроведени во времето на ВМРО ДПМНЕ – рече Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски на прес конференција на која зборуваше за аудио снимката која се појави во јавноста, а во која се слуша како тој договора пролонгирање на роковите за да се потпише договорот со  италијанската фирма „Леонардо“. Италијанската фирма била избрана од страна на Живко Поповски – поранешниот директор на М-НАВ и татко на екс министерот за надворешни работи Никола Поповски, но рокот за реализација и потпишување на договорот  бил шест пати…

Read More

Аудио снимката која беше објавена во некои медиуми, а на која наводно се слуша генералниот секретар на Владата Драги Рашковски отвори простор за евентуална истрага од страна на Јавното обвинителство- за  наводни незаконски влијанија и местење на тендер за М-НАВ ( Македонска навигација), но го актуелизира и прашањето за  безбедноста на авио-сообраќајот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска  на трибина во Скопје изјава дека на последната затворена владина седница  се разговарало „ за инцидентот кој што се случил во фирмата Македонската навигација, и донесени се соодветни заклучоци по кои треба да се постапува и во рамките на тоа сите…

Read More

Ветингот ќе ги опфати сите вработени во МВР – кажа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со  овој процес ќе се проверува стручното образование на сите припадници на МВР, нивниот интегритет, ќе се проверува колкав имот имаат и кога го стекнале и дали биле вклучени во евентални криминални дела. „Ние покренавме многу постапки за фалсификување на дипломи. На многу од вработените во МВР кои на тој начин имаа извршено злоупотреба, им беше прекинат работниот однос. Но има и луѓе кои имаат поголем имот од повеќе бизнисмени кои долги години се занимаваат со бизнис“. Токму поради тоа ветингот мора да…

Read More